Гитаристот Тонев: Еден месец бев во кома, сите кои се соочуваат со искушение да соберат храброст и да се борат

t

Гитаристот Горан Тонев, кој кобната ноќ настапуваше во дискотеката „Пулс“ во Кочани како дел од ДНК е еден од повредените во пожарот.

Дваесет и пет годишниот штипјанец во пожарот се здобил со многу повреди, мислејќи дека ќе го загуби животот. Го спасила девојка која му пришла. Од Скопје пренесен е на лекување во Солун.

-После многу време разбрав која е и ја знам, Моли. Таа и нејзината мајка со приватно возило ме однесоа во болницата во Кочани. Од таму сум пренесен во клиниката во Скопје, ја губам таму свеста и сум во вештачка кома скоро еден месец. Потоа сум префрлен на лекување во „Папаниколау“ во Солун. Многу време сум во кома, во мојата глава беше исто како да сонуваш, меѓутоа имам некои сеќавања од моментот кога сум во вештачка кома. Се сеќавам кога првпат го прашав мојот татко кој датум е, не можев ни да зборувам како што треба поради изгорениците на дишните патишта, тој ми кажа 16 април, вели Тонев во документарниот филм „Од пламен до надеж“.

Музичарот додава дека во солунската болница имал максимална поддршка и помош од медицинскиот персонал, како за него, така и за неговите родители.

-Едвај чекав да стигнам дома. Се уште имав отворени мали рани кои требаше да се преврзуваат. Ме упатија кај една докторка која е во Кочани, доктор Кате. Од тој момент, јас почувствував сигурност во неа и не постојат зборови со кои може да и се заблагодарам, раскажува Тонев.

Тој упати силна порака до сите кои се соочуваат со тешки моменти во животот.

-Мојата порака до сите луѓе кои се соочуваат со некое искушение е да бидат благодарни на секој ден што го живеат, да ги ценат сите работи, да соберат храброст и да се борат, дециден е Горан Тонев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Гитаристот Тонев: Еден месец бев во кома,…

Гитаристот Горан Тонев, кој кобната ноќ настапуваше…

Сиљановска-Давкова: Ништо не може да ја намали…

Ништо не може да ја намали болката…

Трамп ги повика Кина, Франција и другите…

Американскиот претседател Доналд Трамп денес изрази очекување…

САД испратија „стелт“ бомбардери кон Иран

Вашингтон активираше најмоќни стратешки бомбардери со технологија…