Тешко повреден е 16-годишен мотоциклист од Струмица, се судри со автомобил
МВР информира дека вчера попладне во 14:00 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека на крстосницата од улиците „Ѓуро Салај“, „Цветан Димов“ и „Атанас Јанев“ во Струмица се случила сообраќајна несреќа.
Во несреќата учествувале мотоцикл со струмички регистарски ознаки, управуван од 16-годишен малолетник од Струмица, и патничко возило „фолксваген“ со струмички регистарски ознаки, управувано од С.Т.(24) од село Куклиш, струмичко.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мотоциклот, додека со телесни повреди се здобил и 16-годишен сопатник на мотоциклот, констатирани во Медицинскиот центар Струмица.
Увид на местото на настанот извршила екипа на Полициската станица Струмица.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Затвореник избегал на пауза од судење во…
Затвореник од затворот во Штип во текот…
Земјоделците со трактори ја блокираа Струмица: „Изгоревме…
Струмичките земјоделци и денес протестираа и го…
Се додека не се зголемат откупните цени…
Земјоделците од Струмичкиот регион со трактори и…
Македонски ученици го освоија првото место на…
Македонски ученици го освоија првото место на…
Алиу: Болницата во Струмица е дел од…
Во однос на струмичкиот регион, компјутерскиот томограф…