Објавено на:

Спречив трета светска војна – вели Трамп

t

Американскиот претседател Доналд Трамп се обрати на јавноста од Овалната соба, одговарајќи на прашања на новинарите за теми од надворешната политика.

Во своето излагање, тој зборуваше главно за Иран, тврдејќи дека спречил нуклеарна војна, а се осврна и на односите со сојузниците од НАТО, како и со Кина и Јапонија.

„Да не дејствувавме против Иран, ќе имаше нуклеарна војна. Ќе имаше трета светска војна. Ако верувате дека Иран не треба да има нуклеарно оружје, тогаш сигурно ви се допаѓа она што го направив“, рече тој.

Посочи дека не сака да влегува во воени конфликти, но потоа веднаш додаде дека ако Иран имал нуклеарно оружје, ќе го користел.

На прашање дали војната може да заврши неделава, тој кратко одговори:

„Наскоро ќе заврши“.

Трамп, исто така, изрази незадоволство од однесувањето на некои американски сојузници.

„Некои земји ме разочараа. Кина и Јапонија не треба да ни се заблагодаруваат, тие треба да ни помогнат“, кажа американскиот претседател.

Потоа се осврна на НАТО.

„Проблемот со НАТО е што ние секогаш ќе бидеме со нив, но тие нема да бидат со нас. Откако го уништивме Иран, Обединетото Кралство рече дека ќе испрати два носачи на авиони, а јас им реков дека не ни требаат откако веќе победивме. Ние ги браниме сите тие земји. И долго време велам дека потрошивме трилиони долари за да ги одбраниме, а тие не се тука за нас“, вели Трамп.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

СДСМ прашува што слави ВМРО-ДПМНЕ во Гостивар,…

Претседателот на Општинската организација на СДСМ Гостивар,…

Клековски: ПЕТ-скенот не е расипан, проблем е…

Министерот за здравство Сашо Клековски вечерва изјави…

МААЕ потврди: Во Сирија пронајден непријавен нуклеарен…

Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) откри…

Бугарија испрати вербална нота во Србија –…

Бугарската амбасада во Белград им предаде вербална…

Граната од Првата светска војна пронајдена во…

На 17.08.2026 во 10:20 часот во Полициското…