Ѓорѓиевски: Отворен е шелтер-центарот – сигурност, заштита и нов почеток за жртвите на семејно насилство!

t

Објава на Фејсбук на градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски:

Отворен е шелтер-центарот – сигурност, заштита и нов почеток за жртвите на семејно насилство!

Денес направивме чекор кој значи многу повеќе од формален чин, потпишавме договор и официјално предадовме стан во сопственост на Град Скопје на Националната мрежа против насилство врз жени и семејно насилство „Глас против насилство“, претставувана од извршниот директор Елена Димушевска.

Со ова, една идеја за поддршка и заштита добива свој дом, своја врата која ќе биде секогаш отворена за оние на кои им е најпотребна.

Овој простор е засолниште, надеж и нова шанса. Место каде што стравот полека се заменува со сигурност, каде што тишината добива глас, а болката, разбирање.

Со обезбедување на соодветни услови за работа и згрижување, ги зајакнуваме сервисите кои секојдневно обезбедуваат директна помош, советување, заштита и поддршка на жртвите.

Од безбедносни причини и за заштита на корисниците, локацијата на станот останува строго доверлива.

Оваа мерка е дел од нашата поширока визија – да го изградиме Скопје како безбедна, солидарна и инклузивна заедница, во која секој човек знае дека не е сам и дека постои систем што ќе го заштити и поддржи во најтешките моменти.

Паралелно, преку јавниот повик за финансирање на здруженија, невладини организации и фондации, обезбедивме средства за сите сервиси за поддршка од превенција до директна заштита.

Така обезбедуваме континуитет во работата на организациите кои се првата линија на помош и го зајакнуваме партнерството меѓу институциите и граѓанскиот сектор.

Ова е порака дека насилството нема место во ниту еден дом.

Дека секој човек заслужува живот без страв, без понижување и без болка.

Дека љубовта, почитта и достоинството се темелите врз кои треба да се гради секое семејство.

Остануваме цврсто посветени на креирање политики и мерки што значат вистинска, системска заштита, затоа што секој живот вреди, а секоја приказна заслужува нов, достоинствен почеток.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Светлана Колариќ нов Претседател на Советот на…

Општина Кисела Вода доби нов Претседател на…

Ѓорѓиевски контpa урбаната мафиja: За Paсадник ќе…

Градоначалникот на општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски,…