Кривична пријава против поранешен директор во Струмица – во 47 наврати ја злоупотребил службената положба и го оштетил буџетот за над еден милион денари

t

СВР Струмица, до Основното јавно обвинителство Струмица, поднесе кривична пријава против З.Г.(57) од Струмица поради постоење основи на сомнение дека во 47 наврати сторил кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“.

Пријавениот, во својство на директор на Јавното претпријатие „Комуналец“ – Струмица, во текот на 2022 и 2023 година во повеќе наврати ги пречекорил границите на своите службени овластувања и постапил спротивно на Законот за работни односи. Тој, повикувајќи се на Колективниот договор за уредување на правата, обврските и одговорностите на работниците во ЈП „Комуналец“ – Струмица, донесувал одлуки за исплата на паричен надомест, односно одлуки за обештетување за неискористени денови од годишни одмори за него и за неколку други лица, вработени во јавното претпријатие. Притоа, во 2022 година по тој основ за него и за 24 други лица од јавното претпријатие биле исплатени вкупно 593.259 денари, додека пак во 2023 година за него и за 21 друго вработено лице по тој основ од јавното претпријатие биле исплатени вкупно 502.179 денари.

Со таквите дејствија пријавениот го оштетил буџетот на јавното претпријатие за вкупен нето износ од 1.095.438 денари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Тешко повреден е 16-годишен мотоциклист од Струмица,…

МВР информира дека вчера попладне во 14:00…

Лихварка од Струмица фатена при примање на…

Лишена од слобода лихварка од Струмица, затекната…

Четири лица осомничени за палењето на возило…

Лишени од слобода четири лица од Струмица…

МВР соопшти: Не е еден, во Струмица…

Два автомобили се запалени во Струмица, а…

Струмичанецот Зоран Јовановски ќе настапи на Зимските…

Струмичанецот Зоран Јовановски ќе биде првиот македонски…