Мојсоска: Скандал со кандидатите за Антикорупциска – „по грешка“ донирала за ВМРО

t

„Од пет пријавени кандидати за нов член на Антикорупциска комисија еден кандидат донирал пари за ДПМНЕ, а еден кандидат е брат на директорот на Фондот за здравство“, реагира на социјалните мережи пратеничката Јована Мојсоска од Левица по денешниот распит јавно интервју спроведено од Комисијата за прашања на изборите и именувањата.

Според неа овие информации фрлаат сенка врз кредибилитетот на процесот за избор на член на тело кое треба да се бори против корупцијата.

„На денешното интервју во Собрание, една од кандидатките изјави дека ’не се сеќавала дека донирала пари за ДПМНЕ и најверојатно грешка било’?! Сигурно на многу од нас им се случува ’по грешка’ да донираат на партијата на власт“, реагира Мојсоска.

Во својата реакција пратеничката ја критикува актуеланата власт, оценувајќи „оваа гарнитура е една од најнеспособните власти досега (што во две години не може да се издвои еден значаен проект) – ДПМНЕ очигледно е екстра способно само за да ги зароби и контролира сите институции“, завршува таа

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Стојков: За Бугарија решението за сите проблеми…

Македонското малцинство во Бугарија не очекува решение…

Трамп се пошегува дека би станал премиер…

Американскиот претседател Доналд Трамп во интервју за…

Aпелација го ослободи Боки 13 за предметот…

Апелациониот суд во Скопје донесе ослободителна пресуда…

Петровски со реакција до Ахмети по Брвеница:…

Филип Петровски реагираше на настапот на лидерот…