Објавено на:

Милановиќ: Времињата се ужасни

t

Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ изјави дека времињата се ужасни и дека „живееме во недели и години на насилство, дивјаштво, газење и презир кон меѓународното право и норми, и тоа од оние кои најмногу се повикуваат на нив“.

„Времињата се ужасни. Хрватска во овие времиња, можеби по прв пат во историјата, ужива во позицијата, среќа е што се наоѓа на релативно мирно и безбедно место“, рече Милановиќ синоќа на свечена седница на Општинското собрание во Вела Лука.

Милановиќ порача дека денес Хрватска треба да го гледа својот интерес и да не дозволи да биде заведена од никакви големи фрази и слогани за солидарност со било кого, или за помош на ова или онаа страна.

„Да се водиш според тоа да не изневериш некои темелни човечки принципи, начела и поставки – тоа за Хрватска треба да биде водечка линија“, додаде Милановиќ.

„Хрватска, како ретко кога во историјата, има можност да се фокусира на себе, на своите работи и исклучиво од таа перспектива треба да носи одлуки. И да се надева дека оваа бура и ова време на зло ќе помине, дека ќе дојдат подобри времиња. А до тогаш, се држиме заедно“, порача претседателот, пренесе Хина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

НАТО ѝ одговори на Русија по нуклеарното…

НАТО официјално ѝ одговори на Русија по…

Иранските војници на југот добиле заштитна опрема…

Иранските воени единици распоредени во јужните делови…

Учебник по македонски јазик за шесто одделение…

Македонски учебник стана тема за расправа во…

Иран лансираше противбродски балистички ракети од југот…

Иран вечерва лансираше противбродски балистички ракети од…