Мисајловски: Иницираме постапка како да им помогнеме на сите војници што имаат 45 години и треба да заминат во пензија

t

Министерството за одбрана работи на решение со кое би им се помогнало на војниците кои по навршување на 45 години треба да ја напуштат службата, најави министерот за одбрана Владо Мисајловски во емисијата „Click Plus“ на ТВ21.

Како што вели, иницирана е постапка со која се разгледуваат можностите дел од овие војници да продолжат да работат, наместо веднаш да ја напуштат Армијата.

„Инициравме постапка како да им помогнеме на сите војници што завршуваат 45 години и треба да заминат од Министерството по договор. Станува збор за релативно млада возраст и многумина потоа бараат нова работа“, изјави Мисајловски.

Мисајловски додава дека актуелниот закон нуди одредени опции, меѓу кои и исплата на отпремнина за војниците кои ја напуштаат службата. Во зависност од стажот, износот може да достигне и неколку милиони денари.

„На пример, војник кој заминува со подолг стаж може да добие и околу два милиони денари отпремнина. Претходно имало случаи кога овие средства не се исплаќале, но сега тоа се реализира“, рече министерот.

Мисајловски додаде дека паралелно се разгледува можност дел од војниците да продолжат со работа во други државни институции, доколку има потреба од нивниот кадар.

„Постои можност тие да бидат преземени од други институции преку Владата, бидејќи станува збор за обучен и квалитетен кадар“, нагласи тој.

Воедно, се разгледува и решение со кое дел од војниците би можеле да останат и во рамки на Армијата на Северна Македонија до моментот кога ќе ги исполнат условите за редовно пензионирање.

Министерот посочи дека иницијативата се подготвува во соработка со раководството на Армијата и со синдикатите, со цел да се најде решение што ќе биде прифатливо за сите страни.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Германски град препорача евакуација поради голем пожар…

Германски град во близина на белгиската граница…

„Вардарис“: Притвор за осомничен за транспорт на…

Основното јавно обвинителство за организиран криминал и…

ГЕРМАНИЈА ВО СЕПТЕМРИ НА ИЗБОРИ СЕ СООЧУВА…

Етаблираните партии, оние кои сега се власт…

Борот алепо повторно „дежурен виновник“ за пожарите…

Борот алепо повторно е посочен како „главен…

„Би-би-си“ откри скандал во Пакистан: Употребата на…

Болница во Пакистан користела исти шприцови за…