Барал 100.000 евра за увоз на забранета стока: Директорот на инспекторатот криел 50.00 евра под седиште во автомобил
Побаруваниот износ од 100.000 евра требало да биде предаден во три наврати, 50.000 евра во првата рата и две последователни рати по 25.000 евра.
Полициски службеници го лишија од слобода директорот на Државниот инспекторат за земјоделство В.А. (41) од Кочани, кој се сомничи дека примил поткуп од 50.000 евра како прва рата од вкупно побарани 100.000 евра, соопшти Министерството за внатрешни работи. Против него е поднесена кривична пријава до ОЈО за ГОКК за кривичното дело „примање поткуп“ по член 357 од Кривичниот законик.
Според информациите од МВР, осомничениот, во својство на службено лице, преку шпедитер индиректно побарал поткуп од сопственик на фирма што се занимава со увоз. Поткупот бил барањe за да се овозможи непречен увоз на стока за која биле наведени забелешки и наводна законска несогласност, за што бил изготвен и записник од Инспекторатот.
Побаруваниот износ од 100.000 евра требало да биде предаден во три наврати, 50.000 евра во првата рата и две последователни рати по 25.000 евра.
На 19 март било извршено примопредавањето на првата рата од 50.000 евра. Парите првично ги презел шпедитeрот, кој подоцна требало да ги предаде на В.А..
-По земањето на парите од страна на В.А., преземени се оперативно тактички мерки и активности и врз основа на издадени наредби извршен е преглед на лице, превозно средство и багаж. При прегледот на патничко моторно возило, под совозачкото седиште, парите се пронајдени и одземени, се вели во соопштението на МВР.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Барал 100.000 евра за увоз на забранета…
Побаруваниот износ од 100.000 евра требало да…
ЕУ повика на повторно отворање на Ормускиот…
ЕУ повика на повторно отворање на Ормускиот…
Барел нафта во Дубаи на рекордни 166…
Екстремниот скок на цените на нафтата на…
(Видео) НЕТАНЈАХУ ГО СПОРЕДИ ХРИСТОС СО ЏИНГИС…
Изјавата на премиерот на Израел Бенјамин Нетанјаху…
Почина познатиот актер Чак Норис
Акционата ѕвезда Чак Норис почина на 86-годишна…