Шпанија прва намалува даноци и го поевтинува горивото по енергетскиот удар во Европа
Шпанија прва во Европа реши да повлече потег и да се соочи со це мовниот шок, што го носи енормниот раст на цената на енергенсите на светските берзи.
Покрај суспендирањето на акцизите, владата во Мадрид одлучи и да ги намали даноците што ги формираат цените на горивата. Така, возачите би можеле да заштедат од 30 до 40 центи по литар само од акцизите, додека се планира и преполовување на ДДВ, што носи дополнителни заштеди.
Многу земји реагираа различно на моменталната криза со снабдувањето со нафта и деривати поради војната на Блискиот Исток и поморската блокада во Ормускиот теснец, една од главните глобални транспортни рути за енергетски производи.
Додека, на пример, во азиските земји се воведуваат дополнителни неработни денови поради недостиг на гориво, малопродажните цени на бензинските пумпи во Македонија се регулирани. Но, Шпанија одлучи да оди на друг начин и да воведе пакет итни даночни олеснувања.
Ројтерс објави дека ДДВ-то за горивото ќе биде намалено од 21 на 10 проценти, а акцизите за јаглеводороди и електрична енергија ќе бидат променети. Само промената на акцизите би можела да ја намали цената на дизелот и бензинот за 30 до 40 центи.
Шпанскиот премиер Педро Санчез е еден од најгласните критичари на нападите на САД и Израел врз Иран и постојано предупредува на нивното потенцијално негативно економско влијание. Неговите министри, исто така, најавија пакет помош за најранливите сектори, додавајќи дека обновливите извори на енергија ја ублажуваат изложеноста на економијата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Шпанија прва намалува даноци и го поевтинува…
Шпанија прва во Европа реши да повлече…
Уапсениот директор оди 30 дена во притвор
Официјално е прифатен предлогот на ЈО за…
(Видео) Ауди вози по пешачка патека во…
Санкционирана скопјанка која со „ауди“ се движела…
Барал 100.000 евра за увоз на забранета…
Побаруваниот износ од 100.000 евра требало да…
ЕУ повика на повторно отворање на Ормускиот…
ЕУ повика на повторно отворање на Ормускиот…