Објавено на:

Запалена израелската фабрика за оружје „Елбит Системи“ во Чешка

t

Меѓубародната група „Earthquake Faction“ денес соопшти дека запалила фабрика на израелската компанија за оружје „Елбит Системи“ во Чешка, пренесува Анадолу.

„На 20 март 2026 година го погодивме епицентарот на израелската воена индустрија во Европа. Во Пардубице, Чешка, ’Центарот за извонредност’ на Елби Системи беше неодамна изграден во соработка со компанијата ЛПП, со цел да го опслужува глобалното ширење на најголемиот израелски производител на оружје“, објави групата во соопштение.

„Earthquake Faction“ кои се сметаат себеси за „интернационална подземна мрежа која цели кон клучни локации од клучно значење за ционистичкиот ентитет“, соопшти дека интервенирала за да ја уништи опремата на компанијата и да ја запали фабриката.

Повторно е потврдено дека нема повредени лица.

„Сè додека земјата продолжува да крвари под израелските бомби во окупирана Палестина и низ Западна Азија, тлото мора да продолжи да се тресе под нозете на спонзорите на окупацијата“, велат понатаму во соопштението.

Секое оружје развиено од „Елбит Системи“ прво е „тестирано“ врз Палестинците, пред да им биде продадено на меѓународните влади, со што се „проширува империјата изградена врз уништувањето на Палестина“, додаваат тие.

„Каде ѝ да се обидат Елбит Системи и нивните соучесници да го прикријат и скријат својот бизнис на крвопролевање низ светот, ние ќе дојдеме по нив“, се додава во соопштението.

Групата, исто така, нагласи дека нема време за „молење на соучесничките меѓународни влади“, ветувајќи дека нема да го „трошат здивот барајќи на убав начин“.

„Наместо тоа, ќе преземеме неопходни дејства за да ги уништиме нивните средства за убивање“, се додава во соопштението.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Денес се празнува Светиот маченик Евсигниј

Беше војник кај царот Максимијан, кај царот…

Метео: Сончево и топло со услови за…

Сончево и топло со мала до умерена…

Трамп: Разговарав со Ким Џонг Ун –…

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска посочи дека…

Пентагон склучи договор од 22,9 милијарди долари…

Пентагон денеска објави дека потпишал договор вреден…

Претседателот на Хрватска утре ќе побара вонредна…

Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ утре ќе испрати…