Мисајловски: Безбедносната состојба е стабилна, потребно е да се фокусираме на економските последици поради војната во Иран

t

Министерот за одбрана Владо Мисајловски во емисијата Клик плус на ТВ21 истакна дека поради војната во Иран будно се следи состојбата. Тој го повтори ставот кој беше потенциран уште на седницата на Советот за безбедност дека безбедносната состојба е стабилна, но потенцира дека мора да се внимава на економските последици особено по она што се случува во Ормутскиот теснец, од каде поминува една петтина од нафтата.

-Безбедносната состојба во Македонија е стабилна, но мора да внимаваме на потенцијалните економски индикатори. Тоа е дел каде што и ние ќе почувствуваме рефлексија апсолутно. И тоа е почувствува, може да видиме и на бензинските пумпи што се случува, ценовен шок би рекол за многу граѓани во делот на покачување на енергенсите и на горивата. Но зависно од тоа колку ќе трае и начинот и рефлексијата на теренот, така ќе влијае и врз други економски параметри, изјави Владо Мисајловски, министер за одбрана.

Мисајловски ја нагласи улогата на НАТО како гарант на стабилноста на Западен Балкан, но потенцираше и дека тој на секој состанок во Алијансата ја отвора темата за состојбите во регионот.

-Ние ќе го отвораме секогаш прашањето за Западен Балкан во НАТО и таму ќе разговараме се она што се случува во регионот јас секогаш го отворам прашањето за Западен Балкан кога имам можност. И фокусот на НАТО е Западен Балкан да остане смирен регион и безбеден регион. И сега ние како земји членки секогаш треба да го отвараме ова прашање за да покренеме свесност, изјави Владо Мисајловски, министер за одбрана.

Мисајловски говореше и за набавката на хеликоптери од италијанската компанија Леонардо за кои очекува тие да се испорачаат до крајот на следната година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мисајловски: Безбедносната состојба е стабилна, потребно е…

Министерот за одбрана Владо Мисајловски во емисијата…

Земјите од Западен Балкан ја поддржаа одлуката…

Високата претставничка на Европската Унија за надворешна…

Трамп: „Не мислев дека ќе ја користам…

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека не…

Запалена израелската фабрика за оружје „Елбит Системи“…

Меѓубародната група „Earthquake Faction“ денес соопшти дека…

Русија планира мобилизација на стотици илјади војници…

Русија се подготвува да мобилизира дополнителни 409.000…