Пожарникари спасија повредена девојка која паднала во провалија под локалитетот Цареви Кули
Пожарникари-спасители од Територијалната противпожарна единица Струмица утрово интервенирале во сложена спасувачка акција за извлекување на повредено женско лице од провалија под локалитетот Цареви Кули, на местото викано Црвен Дол.
Станува збор за исклучително тежок и непристапен терен, каде шест пожарникари интервенирале со две теренски противпожарни возила. Во акцијата била употребена специјализирана алпинистичка опрема, како и носила за безбедно извлекување на повредената.
По успешно завршената интервенција, девојката била извлечена од провалијата и предадена на екипа на Итната медицинска помош.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ангелов: Двајца пожарникари биле нападнати вчера во…
Во текот на вчерашниот ден двајца пожарникари…
Тројца пожарникари загинаа на Крит
Тројца грчки пожарникари загинаа додека се справуваа…
Пожарникари спасија повредена девојка која паднала во…
Пожарникари-спасители од Територијалната противпожарна единица Струмица утрово…
Пожарникарите со препораки и совети за избегнување…
Во текот на претстојниот празничен период, ризикот…
Пожарникарите од Кавадарци спасија куче од водите…
Куче било спасено синоќа од страна на…