ВМРО-ДПМНЕ: СДС манипулира со јавноста преку српска ПР машинерија, зад кампањите стојат советници на Заев

t

ВМРО-ДПМНЕ обвини дека СДСМ користи странска ПР инфраструктура за креирање на политичка комуникација и манипулација на јавноста, посочувајќи дека зад активностите стојат лица блиски до поранешниот премиер Зоран Заев.

Од партијата тврдат дека Зоран Башановиќ, поранешен советник на Заев, има клучна улога во ПР тимот на СДСМ и Венко Филипче, како и дека токму Заев стои зад ангажирањето на, како што велат, „надворешна ПР структура“.

Според ВМРО-ДПМНЕ, Филипче неодамна остварил средба во Ниш со Милан Счекич, кој, како што наведуваат, работи во српската ПР агенција „Ај медија“ (Eye Media) и е задолжен за креирање на комуникациите и соопштенијата на СДСМ.

„ПР активностите се координираат од Скопје, каде Башановиќ и Счекич, според нашите информации, се сместени во хотелот ‘Парк’ и од таму го водат центарот за лаги на СДС“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Партијата додава дека ваквата вклученост на странски ПР структури отвора сериозни прашања за транспарентноста и автентичноста на пораките што ги пласира СДСМ во јавноста.

„Граѓаните заслужуваат вистина, а не конструирани наративи и манипулации. Политичката комуникација треба да се темели на факти и отчетност, а не на сценарија креирани однадвор“, се наведува во соопштението.

Од ВМРО-ДПМНЕ потенцираат дека остануваат посветени на транспарентност и комуникација заснована на интересот на граѓаните.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мицкоски: Владата сега се задолжува за да…

По обвинувањата од опозицијата дека Владата за…

СДСМ обвинува: За две години, Владата ја…

Ново политичко препукување меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ…

Лефков: Талогот на СДС и Филипче за…

Венко Филипче кој има главна улога во…

Филипче: Тажен почеток на училишната година, 3000…

Почетокот на новата учебна година повторно отвори…

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е на иста линија со…

ВМРО-ДПМНЕ ја обвини опозициската СДС дека со…