Иран: Ако Трамп го нападне Харг, го чека значајно изненадување
Неименуван ирански извор предупреди дека американскиот претседател Доналд Трамп ќе се соочи со „изненадување“ ако распореди американски војници на островот Харг, во реакција на извештаи дека САД разгледуваат окупација или блокада на стратешки важниот остров, пренесува иранската државна новинска агенција Tasnim.
— реклама —
Изворот, како што се наведува, изјавил дека „ако терористот Трамп ја направи таа грешка, ќе го чека такво изненадување што нема да успее ни да ги изнесе ковчезите на своите војници од нашата територија“.
Претходно, САД извршија воздушни напади врз воени објекти на Харг, преку кој се реализираат 90 отсто од иранскиот извоз на нафта, но избегнаа удари врз нафтената инфраструктура. Иран дополнително се закани дека ќе го загрози пловниот сообраќај во теснецот Баб ел-Мандеб доколку САД изведат „копнена воена операција“ на островот.
Теснецот Баб ел-Мандеб се наоѓа меѓу Јемен и африканските држави Џибути и Еритреја, на влезот на Црвеното Море, и е една од најважните поморски рути во светот. Изворот посочува дека досега јеменските Хути, кои претходно ги користеше Иран за влијание врз пловидбата во регионот, сè уште не се вклучиле во конфликтот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Бизнисменот Азманов физички нападнат на судско рочиште…
Зоран Азманов, управител на градежната компанија „Настел“,…
КАТАРСКИОТ ПРЕМИЕР ПОТВРДИ: САД и Иран не…
Соединетите Американски Држави и Иран не успеале…
Славески: Најдобрата опција е ова што го…
Најдобрата опција е ова што го правиме…
Опериран е Илија Срдановиќ – се огласи…
Илија Срдановиќ, лидерот на „Студентската листа“ која…
Стравот од ВИ ги урна светските берзи:…
Светските берзи на 6 ноември забележаа остри…