СДСМ: Кој сè е вмешан во корупцискиот скандал во земјоделие?

t

Соопштение за јавност

Новиот корупциски скандал што ја тресе Владата на Мицкоски и Министерството за земјоделство повторно се поврзува со криминал преку граница.

Според информациите објавени во медиумите, уапсениот директор на Државниот инспекторат за земјоделство, Васе Анакиев, барал поткуп од 100.000 евра од фирма за да ѝ овозможи увоз на стока која не ги исполнувала условите.

Поткупот бил договаран преку посредник – шпедитер, а првата рата од 50.000 евра била веќе исплатена.

Најголемиот нарко-скандал со дрогата од 5 тони, која заврши кај функционер на нивната сестринска партија СНС во Србија, исто така беше поврзан со шверц преку границата. До денеска сè уште не е расчистен.

Сега пак: граница, царина, шеми, шверц, мито.

Не може директор сам да биде вмешан во вакви скандали без поширока мрежа и без институционална поддршка.

Имаше и друг случај во кој беше уапсен директор на ВМРО, исто така за мито од 50.000 евра, по што беше суспендирана ИПАРД програмата за земјоделците.

Не може толку многу корупција да има на пониските ешалони, а оние од врвот во Министерството и во најкорумпираната Влада на Мицкоски да не знаеле.

Кој сè од власта е вмешан?

Ова е пример за организирана криминална група.

СДСМ бара темелна истрага која ќе утврди одговорност за сите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Опозицијата уште еднаш ќе побата минимална плата…

Лидерот на СДСМ Венко Филипче денеска најави…

Мицкоски: Владата сега се задолжува за да…

По обвинувањата од опозицијата дека Владата за…

СДСМ обвинува: За две години, Владата ја…

Ново политичко препукување меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ…

Лефков: Талогот на СДС и Филипче за…

Венко Филипче кој има главна улога во…

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е на иста линија со…

ВМРО-ДПМНЕ ја обвини опозициската СДС дека со…