ВМРО-ДПМНЕ: СДС е под надворешно влијание, екс-советникот на Заев, Башановиќ го води ПР тимот
Системот на односи со јавност на СДС е под надворешно влијание под палката на Башановиќ екс советникот на Зоран Заев. СДС и Филипче се опседнати со Србија бидејќи Башановиќ екс советникот на Зоран Заев го води ПР тимот на СДС. Башановиќ е контроверзна личност и лице со контроверзно минато со матни бизниси од областа на енергетиката, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
„Башановиќ има контроверзен профил, тој е естраден турбофолк менаџер и сопственик на телевизија во Србија, човек кој е апсен за крадење облека во САД. Тој е избркан од СНС затоа што склучувал милионски договори во сомнителни комбинации.
Башановиќ е личност која му беше специјален советник во владата на Заев со плата од над 1500 евра. Тој е и куќен пријател на Заев во Грција.
Преку Зоран Башановиќ, и ПР агенцијата “Ај медија” во која соопштенијата и прес-конференциите ги пишува Милјан Шчекиќ се креира ПР стратегијата на СДС и се шират лаги и манипулации.
СДС и Филипче делуваат по насока на овие лица а нивните ставови кон Србија се резултат на тоа влијание.
Дали политиките на СДС и Филипче што ги водат се резултат на домашните приоритети или работат за туѓи интереси и директиви?
Граѓаните имаат право да знаат кој ги пишува соопштенијата во СДС, кој им ја креира политиката и во чии интереси делува СДС“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВМРО-ДПМНЕ: Две недели Филипче молчи и не…
Венко Филипче пред две недели најавуваше анкети…
ВМРО-ДПМНЕ за 23 Октомври: Македонија е наследство…
ВМРО-ДПМНЕ упати честитка по повод 23 Октомври…
Платформата „12.05“: Филипче го жртвуваше Радески во…
Раководството на СДСМ се повеќе наликува на…
ВМРО-ДПМНЕ: Реформаторите на СДС го тролаат „лидерот“…
СДСМ со Венко Филипче се бетонира како…
ВМРО-ДПМНЕ: Над 470 милиони денари за нови…
Од ВМРО-ДПМНЕ посочуваат дека во изминатиот период…