Објавено на:

Трамп со ултиматум до Техеран: Отворање на Ормускиот теснец во рок од 48 часа или „уништување“ на електраните

t

Само ден откако америкаснкот претседател Трамп најави намалување на воените операции, тој сега му постави ултиматум на Иран. Заканувајки се дека ќе ги уништи неговите електрани, доколку во рок од 48 часа не го отворат целосно Ормутскиот Теснец.

-Доколку Иран не го отвори целосно, без закана, Ормускиот Теснец во рок од 48 часа од овој момент, САД ќе ги нападнат и ќе ги уништат нивните електрани, почнувајќи прво од најголемата – напиша Трамп на неговата социјална мрежа „Трут Соушал“.

Техеран на ова одговори со контра-закани – Во соопштение на портпаролот на оперативната команда стои дека доколку се остварат нападите врз енергетската инфраструктура, иранската армија ќе ги напане и постројките за десалинизација во регионот, од кои вода за пиење обезбедуваат околу 100 милиони луѓе од земјите од Персискиот Залив.

-Доколку непријателот ја нападне нафтената и енергетската инфраструктура на Иран, целта ќе биде целата енергетска, информатичка и инфраструктура за десалинизација што им припаѓа на САД и на режимот во регионот. – стои во соопштението објавено од државната агенција Мехр

Дел од медиумите го пренесуваат и ставот на иранскиот претставник во Меѓународната поморска организација при ОН, Али Мусави, кој вели Ормутскиот Теснец останува отворен за сите бродови, освен за „непријателите на Иран“.

Во меѓувреме ракетните напади во регионот продолжуваат. Цел на Иран ноќеска биле израелските градови Арад и Димона, при што повредени се повеќе од 100 лица,а регистрирана е значителна материјална штета.

Во меѓувреме борбите во регионот продолжуваат. По иранските ракетни напади врз израелските градови Арад и Димона, повредени се повеќе од 100 лица, регистрирана е значителна материјална штета, а наставата во училиштата е прекината. „Имавме тешка ноќ“, изјави израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, кој порача дека ќе продолжат борбите со непријателот и обвини дека Иран свесно напаѓа цивилни подрачја, повикувајќи ги граѓаните да се евакуираат.

-Во оваа борба победуваме, се одмаздуваме на непријателот и нашите раце се уште се испружени. Но, ве молам вас, граѓани на Израел, мои браќа и сестри, граѓани на Израел, да влезете во заштитените подрачја. Немојте да бидете замаглени, немојте да бидете рамнодушни, го слушате првото предупредување, одете директно во заштитеното подрачје,-Бенјамин Нетанјаху – премиер на Израел.

Поради новите напади, Израел одлучи и следните два дена наставата во училиштата да биде прекината и да се префрли он-лајн.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Трамп со ултиматум до Техеран: Отворање на…

Само ден откако америкаснкот претседател Трамп најави…

(Фото) Гори куќа во Маџари

Дирекцијата за заштита и спасување потврди дека…

СЗО: Најмалку 64 лица, вклучувајќи деца, загинаа…

Во напад врз болница во Судан загинаа…

Турција потврди дека нема преживеани по падот…

Сите седум лица во воениот хеликоптер што…

Три лица лишени од слобода за семејно…

На 22.03.2026 во 00:30 часот во гостиварско…