Објавено на:

Русија ќе има корист од долга војна во Иран, се плашам од последиците за Украина, рече Зеленски

t

Володимир Зеленски кажа дека се плаши од тоа какви последици врз Украина ќе има американско-израелската војна против Иран.

„Имам многу лошо чувство околу влијанието на оваа војна врз ситуацијата во Украина. Фокусот на Америка сега е повеќе на Иран отколку на Украина. Нашите дипломатски состаноци, трилатералните состаноци, постојано се одложуваат. Постои една причина, војната во Иран“, рече Зеленски.

И Кремљ претходно кажа дека мировните разговори Русија-Украина се во застој поради ситуацијата на Блиски Исток.

Зеленски смета дека долга војна во Иран е од корист за Русија зашто цените на енергенсите растат и се исцрпуваат американските ресурси.

„За Путин е корисно ресурсите да не одат во Украина. Тој треба да нè ослабне, а ова е долг процес. Блиски Исток е еден од начините да се направи тоа. Дефинитивно ќе има недостиг на ракети ‘патриот‘“, кажа Зеленски и додаде:

„Америка произведува 60-65 ракети месечно. Замислете, тоа се околу 700-800 ракети годишно. Само првиот ден од војната на Блискиот Исток биле употребени 803 ракети“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

МВР: За само пет дена 25 пријави…

Во периодот од 1 до 5 ноември,…

НАРОДНАТА БАНКА СО ДЕТАЛИ ЗА ТРАНСАКЦИИТЕ НА…

Народната банка на Македонија денеска, 5 ноември,…

Пример за многу други: Хориха во првиот…

Македонската ракометна репрезентација вчера забележа победа против…

Американските сили во подготвеност за можни удари…

Американските сили во подготвеност за можни удари…

„Индипендент“: Рубио би можел да ја напушти…

Американскиот државен секретар Марко Рубио би можел…