Обвинителството засега не дава детали за пронајдено женско тело во Зрновци

t

По вознемирувачкиот настан вчера во Зрновци, местото викано Ѓошевски орев, во близина на Зрновска река каде беше пронајдено женско тело во фаза на распаѓање денеска од обвинителство велат дека во моментов нема информации кои можат да се споделат со јавноста.

Вчера официјално мвр ја потврди информацијата и наведе дека во СВР Штип околу 10.40 ч настанот бил пријавен и преземаат мерки за расчистување на случајот..

И од обвинителството преку писмено соопштение информираа дека телото на починатата е предадено на обдукција и истата ќе покаже кои биле причините. Според неофицијални информации, телото било пронајдено без череп, рака и дел од нога, но официјално надлежните не споделуваат детали во моментов.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Министерот Клековски го посети пунктот за бесплатни…

По повод одбележување на Светскиот ден на…

43-годишен битолчанец пронајден починат во автосервис, наредена…

Четириесет и тригодишен жител на Битола бил…

Во напад во училиште во Словачка загина…

Напад во училиште во северозападна Словачка, извршен…

Дете со тешки повреди пренесено во болница,…

На 28.09.2026 во 10:30 часот во СВР…

Папата Лав XIV ја опомена и ја…

Европа може и мора да одигра клучна…