Sе очекува утре да не поскапат бензините, а дизелот да поскапи до три денари
На вонредна владина седница, беше донесена одлука да се намали Данокот на додадена вредност за бензините и дизелот. Намалувањето од 18 на 10 отсто ќе стартува на полноќ меѓу понеделник и вторник и ова би требало да придонесе да нема зголемување на цената на бензините, а да има до три денари на цената на дизелот. Мерката е донесена бидејќи според пресметките, од утре ќе требаше бензинот да се зголеми за 6,5, а дизелот за 10,5 денари. Премиерот Христијан Мицкоски очекува оваа одлука на Владата веднаш да биде применета.
„Очекуваме дека Регулаторната комисија во текот на утрешниот ден ќе ја има во предвид оваа одлука на Владата и со тоа нема да ја зголеми цената на бензините, односно ќе се движи во рамките на пресметките за дизел горивата, согласно методологијата која што е до сега вообичаена и усвоена страна на Регулаторната комисија.“, порача Христијан Мицкоски.
Мицкоски вели дека нафтени деривати има во државава, како во државните резерви така и кај приватните компании. Нивното ниво се следи на дневна основа и по потреба ќе се дејствува. Напомна и дека од голема помош е и функционирањето на продуктоводот Солун – Скопје.
„Мислам дека е многу важно да се каже, а тоа е дека конечно продуктоводот, нафтоводот ни е оперативен и таму имаме количини. И во него имаме количини на нафта и нафтени деривати, така што од сите аспекти сме во овој момент обезбедени.“, вели Христијан Мицкоски.
Најави дека во овој момент иако скоро 10 отсто од количината на горивата го купуваат жителите од нашите соседни земји, но нема да има забрана за нив да можат и понатаму ова да го прават.
„Онаа Македонија која што беше наколена, која што коленичеше, за да добие некаква донација, сега рефлектира стабилност и претставува фактор на сигурност за граѓаните од соседните земји. Но, се разбира, доколку дојде до предизвик таков, се разбира дека ќе донесеме одлука во која што ќе го ограничиме конзумот, ќе го ограничиме и износот“, вели Христијан Мицкоски.
Исто така, состојбата околу снабдувањето со електрична енергија е стабилна, бидејќи има доволно јаглен за РЕК Битола, каде што работат два блока, како и за ТЕЦ Осломеј. Во вторник на редовната седница, Владата ќе одобри мала количина мазут за потребите на централите. Исто така, хидропотенцијалот е на 40 отсто од максимумот и се очекува негово дополнително зголемување. Набавен е и гас за цел април, што значи дека греењето на скопјани ќе се одвива непречено. Мерката со намалениот ддв ќе трае две недели.
Извор: ТВ 21
a
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Sе очекува утре да не поскапат бензините,…
На вонредна владина седница, беше донесена одлука…
(Видео) Една година по трагедијата: „Супорт Кочани“…
Една година по трагедијата во Кочани, граѓанската…
Црн викенд во Македонија: По Зрновци пронајдени…
По пронаоѓањето на женскиот труп во фаза…
Лишени од слобода 14 возачи за безобѕирно…
– Во текот на изминатото деноноќие на…
Фабриките за десоленизација се новата цел во…
Фабрика за десалинизација во Бахреин беше оштетена…