ФЗО го ‘’чешлаше‘’ МВР – утврдени лажни боледувања, изречени казни од 1,2 милиони денари
Полициски службеник четири пати за година и пол менувал матичен лекар за да му издава боледување.
Во втората половина на минатата 2025 година, 80 здравствено осигурани лица, припадници на полицијата, искористиле 514 боледувања, од кои дури 83 траеле и повеќе од 30 дена – покажа контролата на Фондот за здравство на барање на Министерството за внатрешни работи, поради сомнежи за злоупотреби. Резултатите покажаа дека неправилно е едно од пет боледувања во МВР.
Контролирани биле вкупно 105 приватни здравствени установи. Најголемиот дел од нив се матични лекари, но има и неколку гинеколози и стоматолози. За подолгите боледувања, контролирани биле и првостепените и второстепените лекарски комисии што ги издаваат. Главните прекршоци се во тоа што не се почитувале главните дијагностички постапки, а се надминувале и дозволените временски рамки на боледувањата.
Според Клековски, дел од тие боледувања се оправдани, но дел се злоупотребуваат, односно, еден човек зема седум дена боледување, па доаѓа еден ден на работа, а потоа под друга дијагноза, отвора ново боледување.
Најчесто користени дијагнози за боледувања се болести на респираторниот систем, мускулниот и дигестивниот систем. За неправилностите кои се детектирани и во приватните и во јавните здравствени установи изречени се глоби во вкупна висина од 1,2 милиони денари.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Фото) Полициска акција во Куманово: Пронајдени пари,…
Полициски специјалци и истражители утрово спроведуваат претреси…
НОВ БРАН БЕЗБЕДНОСНИ ЗАКАНИ ВО ЕВРОПА: Најмалку…
Нов бран пријави за бомби и сомнителни…
Српскиот динар продолжува да паѓа: Најниска вредност…
Српскиот динар продолжува да ја губи вредноста…
Сиљановска-Давкова се сретна со претставници на македонската…
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во рамки на работната…
Полициска акција во Куманово, неофицијално се истражува…
Засилено полициско присуство е забележано утрово на…