Просечната плата во јануари 46.617 денари, програмерите остануваат најплатени
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во јануари 2026 година изнесувала 46.617 денари, покажуваат пресметките на Државниот завод за статистика. Во споредба со јануари 2025 година, платата е повисока за 8,3 %.
Зголемувањето се должи на растот на платите во неколку сектори, меѓу кои: административни и помошни услужни дејности (12,9 %), трговија на големо и мало, поправка на моторни возила и мотоцикли (11,1 %) и преработувачка индустрија (10,5 %).
Намалување на просечната плата во однос на претходниот месец е забележано во секторите транспорт и складирање (7,4 %), градежништво (5,3 %) и финансиски дејности и дејности на осигурување (3,8 %).
Програмерите остануваат најплатени во земјава, со просечна плата од 107.016 денари, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Следуваат вработените во научното истражување и развој со 79.530 денари, воздухопловниот транспорт со 78.905 денари, складирањето и помошните дејности во превозот со 72.311 денари и другите стручни, научни и технички дејности со 70.677 денари.
Најниски плати имаат вработените во секторот производство на кожа и кожни производи со 29.670 денари, производство на облека со 29.791 денар и рибарство и аквакултура со 29.794 денари, при што овие примања се неколкукратно пониски од највисоките во земјава.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Во Македонија се гради на повеќе од…
Македонија во претстојниот период ја очекува засилена…
Туристи се качуваат по црквата „Св. Никола“…
Скaндал и бран реакции во јавноста предизвикаа…
„Ужасот над Зелениково“: Огнот стигнал до куќите,…
Пожар што ноќеска избувнал над Зелениково се…
Пожар во хотел во Валона: 5 лица…
Во пожар што избувнал во хотелот „Бруклин”…
Спасен повредениот маж на Пелистер, имал скршеници…
Спасувачките екипи успешно извлекле повредено лице од…