(Видео) Трамп: Тие ја нарекуваат војна, ние велиме воена операција
Американскиот претседател Доналд Трамп го нарече лидерот на демократското малцинство во Сенатот, Чак Шумер „палестински лидер“. Трамп тоа го изјави за време на посетата на Мемфис, во сојузната држава Тенеси, каде што заедно со министерот за одбрана Пит Хегсет и државната обвинителка Пам Бонди учествуваше на тркалезна маса за работата на единицата Memphis Safe Task Force.
„Демократите ја ставаат нашата земја во голем ризик во овој период, период кој тие го нарекуваат војна. Тие го нарекуваат војна, ние го нарекуваме воена операција. Нивните лидери во овој момент се, како и да сакаат да го наречат тоа, во некој свој свет“, истакна Трамп.
„Шумер е завршен, тој е Палестинец. Треба да се бори на страната на Палестина. Тој всушност стана палестински лидер“, рече Трамп за Шумер, кој е Евреин.
„Никогаш не сум видел човек кој толку многу се променил. Некогаш беше за Израел, а сега е за Палестина. Такво нешто досега не сум видел. Го загрижува дека ќе ги изгуби следните избори, а тоа зависи само од тоа дали некој ќе се кандидира против него. Ако некој се кандидира против него, ќе изгуби. Целосно е скршнал и е многу опасен за нашата земја“, додаде тој.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трамп: Војната во Иран практично е завршена
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека војната…
Иран и Русија планираат изградба на гасовод…
Иран планира во соработка со Русија да…
Блумберг: САД и Иран се приближуваат до…
САД и Иран се приближуваат до можен…
Иран: Развивме подземни комплекси за производство на…
Иранскиот Корпус на исламската револуционерна гарда (ИРГЦ)…
САД нудат награда од 20 милиони долари…
Соединетите Американски Држави нудат награда до 20…