Јанкуловски: Мерката за намалување на ДДВ не е задоцнета, состојбите се следат на дневна основа

t

Мерката за намалување на ДДВ од 18% на 10% на нафтените деривати не е задоцнета и со тоа го штитиме стандардот на граѓаните. Ова го оцени заменик-министерот за финансии Николче Јанкуловски во гостување на ТВ24.

„Мерката за намалување на ДДВ од 18% на 10% во никој случај не е задоцнета. Ги следиме работите, а факт е дека никој, па и од академската фела не знае кога ќе заврши конфликтот. Во Министерството за финансии имаме разработено неколку сценарија заедно со меѓуресорската комисија којашто е состaвена и од претставници од Министерство за енергетика, Министерството за економија и труд, Државниот пазарен инспекторат и Комисијата за заштита на конкуренцијата. Тие сценарија се разгледуваат и остануваат одредени таргетирани мерки коишто би можеле да се применат при евентуална можна ескалација на настаните на Блискиот Исток“, рече заменик-министерот.

Тој дополни дека во овој момент е активирана оваа мерка, но дека се размислува и на таргетирани мерки.

„Рано е да се прејудицира, но сепак целта е да се зачува животниот стандард на граѓаните. Имаме листа кои цени се зголемени и во кој обем. Пазарниот инспекторат е на терен и проверува дали влезните инпути ја диктираат таа продажна цена или има некои малверзации. Ги чекаме резултатите. Ако има нелогичности во тоа секако ќе се изречат и одредени казни“, рече Јанкуловски и истакна дека на дневна основа ќе се следат состојбите и во зависност од извештаите ќе се одлучи дали ќе се оди и кои таргетирани мерки ќе се преземат се со цел да се зачува животниот стандард на граѓаните. При тоа посочи дека проблем со недостиг на горивата нема и дека во наредните 60 дена нема да се случи.

Потенцира дека Владата од почетокот е во комуникација и со бизнис секторот и со енергетските компании и со производителите на храна и дистрибутерите и оти ова не е адхок решение како во 2021 и 2022 година кога инфлацијата годишна беше 14%.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

650 луѓе евакуирани по најголемиот пожар во…

Белгија продолжува да се бори со најголемиот…

Во Пловдив уапсени 18 лица поврзани со…

Вкупно 18 лица поврзани со меѓународната неонацистичка…

ВМРО-ДПМНЕ: Редно е Филипче да се прибере…

Предавничката СДС изгуби компас, не знае кај…

(Видео) НОЌЕСКА СПРЕЧЕНА КАТАСТРОФА ВО ЗЕЛЕНИКОВО –…

Ноќеска била спречена трагедија во Зелениково, сподели…

Екстремната жештина во Европа предизвика 16.000 смртни…

Една недела на неподносливи горештини што ја…