Ердоган: Ова е војна на Нетањаху, а целиот свет ја плаќа цената!
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека Турција ќе продолжи да работи со сите свои ресурси за да воспостави мир во војната на САД и Израел против Иран, за која рече дека ги погодила турската економија и целиот свет.
Ердоган, како што пренесе „Ал џезира“ исто така, рече дека владата разгледува различни мерки за заштита на економијата од војната, која го зафати регионот и предизвика нагло зголемување на цените на енергијата.
Во исто време, агенцијата Анадолија јави дека Ердоган рекол оти Турција низ тековниот блискоисточен конфликт управува внимателно и разумно, со зачувување на братството и соседските односи.
– Не паѓаме во стапиците што ни се поставени – рече Ердоган во говор по седницата на кабинетот во Анкара, нагласувајќи дека Турција е „решена да се држи настрана од огнениот прстен“.
– Изминатите 25 дена покажаа дека, иако ова е израелска војна, целиот свет ја плаќа цената; ова е војна за опстанок на Нетанјаху, но трошоците ги сносат осум милијарди луѓе – рече тој.
– Бескомпромисниот, максималистички и радикален став на Израел не смее да ги поткопа дипломатските решенија – нагласи турскиот претседател.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Народната банка организира превоз за клиентите на…
Народната банка ги известува граѓаните од Прилеп,…
Сиљановска-Давкова го прими Извештајот на ЕК за…
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова го прими шефот на…
Драма на небото над Србија: Воени ловци…
Вистинска безбедносна тревога денеска се случила во…
ИРАН СЕ ПОДГОТВУВА ЗА МОЖЕН АМЕРИКАНСКИ НУКЛЕАРЕН…
Иранските власти започнале со дистрибуција на таблети…
Избувнал пожар во паркирано возило на улицата…
На 6 ноември 2026 година, во 04:30…