Се затвора македонскиот сервис на Радио Слободна Европа

t

Македонскиот сервис на Радио Слободна Европа, како и паштунскиот сервис Радио Машал, ќе престанат со работа на 31 март 2026 година.

Од медиумот информираат дека одлуката е донесена поради актуелната буџетска состојба, која наложува прераспределба на ресурсите.

„Затворањето на овие два сервиса претставува загуба за публиката што ја опслужуваат. Сепак, сегашната буџетска состојба на Радио Слободна Европа нè принудува повторно да ги приоритизираме начините на кои ги распределуваме нашите ресурси. Одлуката е донесена со длабока благодарност за работата што ја направија овие тимови и за стандардот на извонредност што го одржуваа“, изјави претседателот и извршен директор на Радио Слободна Европа, Стивен Капус.

Македонскиот сервис на Радио Слободна Европа започна со работа во 2001 година и повеќе од две децении известуваше за политички, општествени и економски теми поврзани со Северна Македонија и регионот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Се затвора македонскиот сервис на Радио Слободна…

Македонскиот сервис на Радио Слободна Европа, како…

Јанкуловски: Мерката за намалување на ДДВ не…

Мерката за намалување на ДДВ од 18%…

Милановиќ: Членството во ЕУ е „декорација“, Македонија…

Претседателот на Хрватска, Зоран Милановиќ изјави дека…

Почина советник од Левица во Општина Илинден

Со длабока тага утрово ја примивме веста…

Трамп: Војната со Иран е добиена, Техеран…

Претседателот на САД, Доналд Трамп, во Белата…