ДУИ: Речиси 25 милиони евра потрошени за увоз на струја од почетокот на 2026 година
Демократската Унија за интеграција (ДУИ) објави дека од почетокот на 2026 година се потрошени речиси 25 милиони евра за увоз на струја.
„ДУИ објавува конкретни факти, имајќи ги предвид изјавите на премиерот Христијан Мицковски во однос на работата на ЕСМ. Овие податоци целосно ги демантираат тврдењата и дезинформациите кои доаѓаат од раководството на ЕСМ и Министерството за енергетика. Само од почетокот на 2026 година, ЕСМ, со цел да ги покрие потребите на домаќинствата и малите потрошувачи, била принудена да набавува електрична енергија во најмалку два наврати: • Јануари: 104.160 MWh по цена од 119,50 евра за MWh. Вкупно: 12.447.120 евра. Февруари: 94.080 MWh по цена од 126,90 евра за MWh. Вкупно: 11.938.752 евра. Вкупно, за само два месеци се потрошени 24.385.872 евра за увоз на електрична енергија“, велат од ДУИ.
Според партијата, овие бројки јасно покажуваат дека ЕСМ нема доволен производствен капацитет за да ги покрие потребите на регулираниот пазар. Од ДУИ велат дека ова директно води кон зголемен притисок врз цената на електричната енергија за граѓаните.
„Електроенергетскиот систем се соочува со сериозни предизвици, а последиците од недомаќинското и нестручното управување ќе ги сносат граѓаните, преку зголеми фактури“, велат од ДУИ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВЛЕН: ДАЛИ АХМЕТИ ГО ПУШТА ГРУБИ НИЗ…
Колку повеќе Али Ахмети се обидува да…
Жените во Македонија за еднаква работа заработуваат…
И покрај законските гаранции за еднаква плата…
ДУИ: Ја поздравуваме подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ за…
Демократската унија за интеграција ја поздравува изјавата…
Во јули 367 одобренија за градење, предвидени…
Во јули годинава се издадени 367 одобренија…
ВЛЕН: Бујар Османи живее во апсурдистанот на…
Оваа нереформирана ДУИ никако да ја разбере…