Директор со купена диплома и рекетар после работно време – Кој е уапсениот директор на Инспекторатот за земјоделие?
Директорот на Државниот инспекторат за земјоделие кој беше фатен како зема мито од 50.000 евра, Васе Анакиев, доаѓа од подрачната единица на МЗШВ во Кочани на работно место референт, што во администрација е ниско работно место, од каде напредувал на највисоката позиција во Инспекторатот.
Завршил земјоделски факултет на Универзитетот во Штип, а во Кочани „чаршиските муабети“ велат дека ја купил таа диплома, исто како и магистратурата на Универзитетот за туризам и менаџмент.
Анакиев е потпретседател на Социјалистичка партија и се шпекулираше како сериозен кандидат за министер во МЗШВ, за реконструкцијата која следи.
Неговиот брат Дејан Анакиев е назначен за В.Д директор на КЈП Водовод Кочани, по победата на ВМРО-ДПМНЕ на локалните избори во Кочани
За В.Д директор на ДИЗ, Анакиев е назначен по смената на власта 2024 година, за да на почетокот на 2025 година биде избран на јавен конкурс.
Извори од Инспекторатот за Инфомакс посочуваат дека во периодот на неговото директорување успеа да ангажира на определено време околу 30 луѓе, главно членови на Социјалистичката партија низ цела Македонија, дел негови пријатели. Според извори од ДИЗ, добар дел од тие вработени не доаѓаат на работа, не работат ништо, ниту пак имаат некакви работни задачи.
– „Добро е да се испита целото негово работење, фиктивните службени патувања на терет на инспекторатот, за него и неговите блиски соработници. Да се испита каде завршуваат мострите на вино, кој инспекторатот е должен да ги чува одреден период. Се шпекулира дека голема количина од мострите вино веднаш му се носат во неговата кафеана, и тоа станува збор за висококвалитетни вина кои се доста скапи. Кусокот се покрива со фиктивна документација дека истите се користат за научно-истражувачки цели на земјоделскиот факултет во Скопје.“ – велат извори од Инспекторатот кои бараат да се испита комплетното работење на ДИЗ.
Анакиев на 03.09.2025 година потпишува Договор за вршење на работи со веќе уапсениот директор на Платежната агенција. Согласно закон инспекторатот има надлежност да ја контролира работата на Агенцијата. По апсењето на Стоилев оваа објава експресно исчезнува од фб страницата на ДИЗ.
Анакиев е уапсен во подземниот паркинг простор во Џеваир (каде државата му плаќа стан под наем), иако има службено возило и ангажирано личен шофер. Во моментот на апсење, парите биле најдени во возилото на неговата секретарка, марка Ауди со кумановски таблици.
Според информациите од нашите извори, наводно е договорено мито од 100.000 евра и тоа една рата во износ од 50.000 евра и други две рати со по 25.000 евра.
Фирмата увозник на ѓубриво, која била предмет на рекетирање е најголем увозник на ѓубриво во Македонија. Извори од Инспекторатот за Инфомакс велат дека се шпекулира дека неколку пати до сега менаџментот на компанијата бил рекетиран од одредени структури на инспекторатот.
Последниве неколку месеци компанијата била предмет на следење на целокупната работа и биле извршени неколку вонредни контроли. Се правеле детални надзори со цел да најде некаква неправилност.
– Со цел да му го спречат увозот на одредена форма на ѓубриво, директорот заедно со раководителите, повикувајќи се на еден член од законот за ѓубриво, даваат наредба најпрво усно, а потоа и со писмен допис до сите инспектори на гранични премини, да не се дозволи увозот на тој тип и форма на ѓубриво во државата. Раководството на компанијата барало решение на проблемот и барала средба со директорот да се расчисти ситуацијата. Дали имало средба не се знае. Инаку вработените во инспекторатот со години дозволуваат увоз на овој тип и форма на ѓубриво. Не постои измена во законот каде се става забрана, туку вакви увози се случуваат со години наназад и тука нема ништо спорном наведува нашиот извор.
Нашиот извор вели дека имало и случаи кога Инспекторатот оправдано враќал ѓубривата кои не ги исполнуваат законските одредби за увоз и истото се враќа.
– Членот на законот по кој се повикуваат да спречат увоз на одредена форма и тип на ѓубриво, е протолкуван сосема погрешно, тој член не се однесува на увоз. Така инспекторатот, преку инспекторите на ГП го стопираат увозот. Во меѓувреме инспекторите укажуваат дека постои правна празнина и дека не може да се стопира увозот согласно тој член, се прави притисок, со закани, уцени за дисциплински во случај да се пропуштат камионите. Дел од камионите со ѓубре се вратени назад, а еден дел по неколку дена чекање на еден граничен премин, се пропуштени на друг граничен премин и тоа по наредба на директорот, по телефонско јавување на раководителот на одделение на гранична инспекција, за што изјава пред МВР даваат инспекторите кои ги пропуштиле камионите, открива нашиот извор.
Раководителката на одделението во граничната инспекција е кадар на Социјалистичка партија, унапредена во раководител во јануари годинава.
А. Митовски
А. Петровска
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Сточарите се заканија со протести како…
Денеска пред Владата на Република Македонија, Сојуз…
Лукаревска: Не се знае колку ќе трае…
Пратеничката на СДСМ Сања Лукаревска во рамките…
Николовски по вчерашната акција на ОЈО ГОКК:…
Поранешниот министер за земјоделство, шумарство и водостопанство,…
Цвета корупцијата во земјоделието, дали и Трипуновски…
Цвета корупцијата во земјоделието, дали и Трипуновски…
Трипуновски ги пушти низ вода лозарите, владата…
И денес Трипуновски не собра храброст јавно…