Од 29-ти март започнува летното сметање на времето

t

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ја информира јавноста дека од 29 март 2026 година започнува летното сметање на времето во Македонија.

Владата донесе одлука за утврдување на почетокот и завршувањето на летното сметање на времето во 2026 година, која е објавена во „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 58 од 19 март 2026 година.

Согласно одлуката, граѓаните ќе треба да ги поместат часовниците за еден час нанапред, како дел од традиционалната промена на времето што се применува секоја година.

Министерството апелира до граѓаните да го прилагодат своето дневно работење и активности на промената на времето.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ