ЕСМ: Истата храна ја јаделе и работниците во „Термо“ на РЕК Битола, но не се пожалиле на симптоми
По затворањето на кујната поради можното труење со храна на 80 вработени во РЕК Битола, АД ЕСМ и ЕСМ Молика излегоа со соопштение во кое велат дека веднаш по појавата на првите симптоми кај дел од вработените во рудникот, сите лица кои се пожалиле на труење биле навремено упатени на прегледи и анализи во Клиничката болница во Битола.
Од таму додаваат дека најголем дел од луѓето се со лесна клиничка слика и сите се пуштени на домашно лекување, што според нив укажува дека состојбата е под контрола и се третира со соодветна сериозност.
„Важно е да се напомене дека истата храна ја конзумирале и вработените во делот „Термо“ на РЕК Битола, каде што не се пријавени никакви симптоми“, наведуваат од компанијата.
Во однос на затворањето на кујната, посочуваат дека станува збор за вообичаена превентивна постапка што се применува во вакви ситуации, со цел да се обезбеди заштита на здравјето на вработените додека траат испитувањата.
„Инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ), вчера, во соработка со ЈЗУ Центар за јавно здравје Битола, Институт за јавно здравје – Скопје и инспектори на Државниот санитеран и здравствен инспекторат, спроведоа вонреден инспекциски надзор во кујната на операторот кој вршел снабдување со храна на РЕК Битола. Во координирана акција, земени се мостри од храна и брисеви од работни површини, раце и нос на затекнати вработени лица во кујната. Согласно Националниот протокол за постапување во случај на сомнеж за појава на алиментарни инфекции и интоксикаци, кујната на операторот со храна е времено затворена, односно, дадена е забрана за вршење на дејност подготовка и послужување на храна од истата, се до завршување на инспекциската постапка и добивање на уредни наоди од лабораториските испитувања на земените мостри и брисеви“, стои во соопштението.
Поради состојбата, наредено е вонредно чистење и дезинфекција на објектите и опремата и спроведување на вонредни санитарни прегледи за сите вработени лица.
Преку соопштението, се апелира да не се изнесуваат непроверени информации и да не се создава непотребна паника. Ги повикаа и политичките партии да се воздржат од шпекулации со кои како што велат, се обидуваат да добијат ситни дневнополитички поени, додека е во тек анализата од надлежните институции кои треба да ги утврдат причините.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Жените во Македонија за еднаква работа заработуваат…
И покрај законските гаранции за еднаква плата…
Во јули 367 одобренија за градење, предвидени…
Во јули годинава се издадени 367 одобренија…
Пендаровски: Независноста не ни е подарена туку…
Со честитка по повод Денот на независноста…
Орхан Муртезани стапи на функцијата во НАТО,…
Новиот македонски амбасадор во НАТО, поранешниот министер…
Мицкоски: Растот на индустриското производство од 3,4…
Растот на индустриското производство во вториот квартал…