Тажна вест: Почина театарскиот режисер Оливер Мицевски

t

На 46-годишна возраст почина театарскиот режисер Оливер Мицевски, објави Народниот театар Битола.

Мицевски живееше во Лондон, а во јуни 2025 година, по пауза од 14 години, постави претстава во Битолскиот театар – „Едмонд“.

Тој дипломирал на Факултетот за драмски уметности во Скопје. Во 2009 година добива стипендија од норвешката влада за специјализација за Хенрик Ибзен, во Центарот Ибзен на Универзитетот во Осло. Во меѓувреме, се сели во Будимпешта, Унгарија, каде што го основал „Театар на покривот“, театар со англиски репертоар.

Мицевски работеше низ повеќе европски држави, со фокус на минималистичкиот театар и перспективите на театарот во иднина.

„Оливер Мицевски ќе остане запаметен како режисер на претставата „Едмонд“, која остави силен белег на сцената на Народен театар Битола. Неговата посветеност, креативност и уметничка визија ќе продолжат да живеат преку неговите дела“, напишаа од театарот во објава на социјалните мрежи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Оливер Спасовски ќе биде координатор на опозициската…

Оливер Спасовски ќе биде координатор на опозициската…

(Видео) На власта и се брза да…

На власта и се брза да го…