СДСМ: Мицкоски од собраниската говорница му додели задачи на новиот државен јавен обвинител
СДСМ преку соопштение упати критики до премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, обвинувајќи го за директно мешање во работата на правосудните органи и воспоставување целосна контрола врз обвинителството и судството.
Од СДСМ реагираат дека Мицкоски денеска, од собраниската говорница, му делел конкретни задачи на новиот јавен обвинител – кои предмети да ги отвора и кого да гони.
Според партијата, ова е исто како што преку телевизии елиминираше кандидати и сметаат дека претставува погребување на правдата.
„Ако Мицкоски сака борба со корупцијата и криминалот, требаше прво да се уапси себеси. Докази има доволно и за него и за неговата организирана криминална група – ВМРО“, се вели во партиското соопштение.
Опозицијата тврди дека после Дубаи, Харис Џиновиќ, Башановиќ, нападите на СЈО, во периодот што следува ќе се прават политички прогон и лични хајки. Од СДСМ велат дека ќе дојде времето што го најавувале – нова кампања со Боки 13 и Катица Јанева, за која тврдат дека намерно била пуштена од затвор три години порано.
Според СДСМ, крајната цел на ова е укинување на пресудите за Никола Груевски и создавање терен за негово враќање во Македонија.
„Еднаш го излажавте народот. Мицкоски клечеше и молеше за власт лажејќи дека ќе го врати името. Анкетата што вие си ја правевте ви кажа сè, не поминуваат веќе лаги – народот повеќе не може да го излажете“, додаваат од СДСМ во соопштението.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВМРО-ДПМНЕ: СДС е на иста линија со…
ВМРО-ДПМНЕ ја обвини опозициската СДС дека со…
СДСМ: Под радарот течат матни зделки на…
Прес конференција на СДСМ, Богданка Кузеска –…
„Цените се до плафон – мерки од…
„Цените во Македонија со месеци се до…
Лефков: СДС знае само за „марихуана Македонија“,…
Венко Филипче и СДС напаѓаат се што…
СДСМ: Македонските медиуми не смеат да бидат…
По предупредувањата на македонските телевизии, по реакциите…