Вучиќ: Курти оди кај Макрон со опасно барање за НАТО
Претседателот на Србија Александар Вучиќ тврди дека косовскиот премиер Албин Курти на средба во Париз со францускиот претседател ќе изнесе две барања, а според него, едното е „многу опасно“.
Тој тврди дека Курти ќе побара НАТО да се повлече од копнената безбедносна зона на северот од Косово, а со тоа, како што рече, Приштина би можела да ги внесе Косовските безбедносни сили таму.
„Се надевам дека никој во НАТО нема да помисли да поддржи такво барање, сигурен сум дека Макрон нема да го направи тоа. Тоа би бил директен напад врз мирот“, рече Вучиќ.
Вториот услов, како што изјави претседателот на Србија, се однесува на притисок врз Србија да не смее да го користи своето оружје против Албанците.
Тој изнесе и тврдење за формирање воен сојуз меѓу Приштина, Тирана и Загреб, за кој рече дека е насочен против Србија.
Вучиќ најави и технолошки проекти, а очекува првите роботи произведени во Србија до Видовден. Најави и летечки автомобили за изложбата Експо 2027 во Белград.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Чудо по земјотресот во Колумбија: Спасена жена…
Спасувачки тим од Колумбија спаси жена која…
ЕУ од утре со нови правила за…
Во Европската унија од утре се менуваат…
Охрид ќарува 700.000 евра годишно од закупот…
Уредувањето и користењето на охридските плажи на…
Судење во Салцбург: Македонец и Босанец обвинети…
Пред судот во Салцбург започна судскиот процес…
Американка две години лажела дека е болна…
Жена од Флорида, САД, лажирала дијагноза за…