(Фото) Во вентилацијата на автобус на „Дурмо Турс“ од Гостивар скриени куршуми, уапсени две лица
Царинската управа откри 580 парчиња куршуми при контрола на автобус на „Дурмо Турс“ од Гостивар, која беше спроведена на влез во државата на граничен премин Табановце.
Муницијата е трајно одземена, а задржан е и автобусот каде е откриена муницијата. Досега против двајца осомничени кои беа уапсени, Одделението за истраги поднесе кривична пријава до ОЈО Куманово, а истрагата е проширена и кон други лица.
„Делото е откриено вчера кога мобилен царински тим поради сомневање го застанал автобусот на ‘Дурмо Турс’ кој сообраќал на релација Италија – Македонија на контрола. Притоа мобилните царински инспектори увиделе оштетувања на надворешниот дел од вентилацијата на автобусот, при што во внатрешниот дел од вентилацискиот простор помеѓу 50 пакувања кафе пронашле кутија со вкупно 580 парчиња куршуми од кои најголем дел се со 9 мм калибар“, соопшти Царината.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трамп побара Иран да плати отштета за…
Преговорите за деблокирање на Ормутскиот теснец ненадејно…
СЕ ЧЕКА СО ЧАСОВИ: Километарски колони на…
Километарски колони возила се создадени вечерва на…
ХОРОР ВО ШУТО ОРИЗАРИ: Година и пол…
Јасин Мустафа, дете од година и пол,…
Регистрирани 15 пожари на отворено – седум…
Вкупно 15 пожари на отворен простор се…
Хеликоптери спасиле 36 луѓе, без опрема и…
Австриската планинска спасувачка служба успешно спроведе сложена…