Трамп: „Ни оди многу добро во Иран“,
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека операциите на САД во Иран „одат многу добро“, додавајќи дека разговорите со Техеран се движат во позитивна насока.
Трамп најави и привремена пауза од 10 дена во нападите врз иранската енергетска инфраструктура, тврдејќи дека тоа е направено на барање на иранската страна. Во меѓувреме, и покрај овие изјави, борбите во регионот продолжуваат – Иран изведува напади врз Израел, додека израелската војска ИДФ води жестоки судири со Хезболах во јужен Либан, каде над милион луѓе се раселени.
САД: Без копнена инвазија, но со глобална коалиција
Американскиот државен секретар Марко Рубио изјави дека Вашингтон очекува конфликтот да заврши „за неколку недели“, без потреба од копнени сили.
Тој нагласи дека по завршување на војната ќе биде неопходна меѓународна коалиција за обезбедување на Ормуски теснец – клучна рута низ која поминува околу 20% од светската нафта.
„Светот мора да се вклучи“, порача Рубио, додавајќи дека танкерите ќе бараат заштита при пловидба.
Франција: Исти цели како САД
Шефот на француската дипломатија Жан-Ноел Баро изјави дека Франција ги дели целите на САД – неутрализирање на иранските балистички капацитети и повторно отворање на слободната пловидба низ Ормускиот теснец.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трамп: „Ни оди многу добро во Иран“,
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека операциите…
Седум земји, меѓу нив и САД, бараат…
Министрите за надворешни работи на групата Г7…
Војната ескалира: Погодена нуклеарна централа во Иран,…
Војната со Иран влегува во нова, поопасна…
Кризата сериозно тропа на вратата на странските…
Економската криза поради нападот на САД и…
Со џип намерно удрил во возач на…
На 26.03.2026 во 16:00 часот во Полициската…