Денес се празнува Светиот апостол Аристовул
Еден од Седумдесеттемина апостоли. Брат на Св. апостол Варнава. Родно место му е островот Кипар. Следбеник на Св. апостол Павле, којшто во Посланието до Римјаните и го спомнува (16, 10). Кога великиот Павле поставуваше многубројни епископи за разни краеви на светот, тогаш го постави и Аристовул за епископ британски (англиски). Во она време народите во Британија беа диви, неверни и сурови, а Аристовул од нив претрпе неискажливи маки, беди и пакости. Безмилосно го биеја, го влечеа по улиците, му се подбиваа и го исмеваа. На крајот со силата на Божествената благодат овој свет маж постигна успех. Ги просвети овие народи, ги крсти во името на Господ Христос, изгради таму цркви, посвети свештеници и ѓакони и најпосле мирно се упокои во Господ и појде во Неговото Царство.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Денес се празнува Светиот апостол Аристовул
Еден од Седумдесеттемина апостоли. Брат на Св.…
Денес се празнуваат Светиот маченик Агапиј и…
Сите пострадаа од кнезот Урбан во Кесарија…
Денес се празнува Преподобен Бенедикт
Роден е во Нурсиската област во Италија…
Денес се празнува Преподобен Теофан Исповедник
Наречен Сигријан заради местото Сигрија каде што…
Денес се празнува Свети Софрониј, патријарх Ерусалимски
Роден е во Дамаск од угледни родители.…