Објавено на:

Иран се закани дека ќе ги нападне израелските и американските универзитети

t

Иран се закани дека ќе ги нападне израелските и американските универзитети во регионот, јави новинската агенција „Фарс“, која е тесно поврзана со иранскиот Корпус на Исламската револуционерна гарда (ИРГЦ).

Елитната единица која изјавила дека, доколку американската влада сака нејзините универзитети во регионот да бидат поштедени од одмазднички мерки, мора да го осуди бомбардирањето на иранските универзитети до понеделник во 12 часот.

На сите вработени, професори и студенти на американските универзитети во регионот, како и на жителите на околните области, им се советува да се држат на растојание од 1 километар од кампусите, пренесува „Фарс“ од соопштението на ИРГЦ.

Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Бакаи, изјави дека Технолошкиот универзитет во Исфахан и Универзитетот за наука и технологија во Техеран се „само два меѓу многуте универзитети и истражувачки центри намерно нападнати од агресорите за време на изминатите 30 дена во нивната нелегална војна против иранската нација“.

– Всушност, американско-израелската агресија врз Иран продолжува да ја открива својата вистинска цел: да ја осакати научната основа и културното наследство на нашата земја преку систематско таргетирање на универзитетите, истражувачките центри, историските споменици и истакнатите научници – рече Бакаи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Иран тврди дека сè уште ја контролира…

Иран ја задржува иницијативата во Ормускиот теснец,…

Стотици илјади Иранци изразија подготвеност да се…

Стоици илјади Иранци денеска учествуваа на владиниот…

Мерц го повика Иран да не го…

Германскиот канцелар Фридрих Мерц денеска го повика…

Пентагон призна: Војната со Иран ги намали…

Пентагон за првпат официјално призна дека војната…

Трамп на комеморацијата во Пентагон за нападите…

Американскиот претседател Доналд Трамп, на комеморацијата во…