Преговарачката рамка нуди предвидливост, вели францускиот амбасадор Ле Риголер

t

Актуелниот геополитички момент е исклучително поволен за проширување на Европската Унија, но оваа историска можност мора да се искористи веднаш бидејќи светот брзо се менува, вели францускиот амбасадор во земјава Кристоф Ле Риголер за РСЕ, оценувајќи ја подготвеноста на Македонија за отпочнување на преговорите.

Според него, централна етапа за отворање на првиот и најважен кластер наречен „Фундаментални вредности“ е отворање на уставните измени, точно како што е предвидено во преговарачката рамка, а кога станува збор за односите со Бугарија, тој прави дистинкција меѓу европскиот процес и билатералните прашања.

Ле Риголер порача дека евроинтегративниот пат на земјава, неминовно минува низ усвојувањето на уставните амандмани, а дијалогот меѓу Скопје и Софија, како што кажа, не треба да служи за повторно преговарање на европскиот компромис од 2022 година, туку исклучиво за враќање на изгубената доверба.

-Забележувате дека често има одредени теми коишто ги иритираат билатералните односи и некако често како да ја уништуваат динамиката којашто почнува да се воспоставува и тоа се работи кон кои треба да бидеме претпазливи. Од двете страни забележуваме дека властите се обидуваат да ги смират работите кога се случуваат инциденти или се даваат одредени изјави, но никогаш работата не е толку едноставна и не го охрабрува на секојдневна основа обновувањето на односите – рече тој.

Одговарајќи на континуираните барања на македонската Влада за дополнителни гаранции од Брисел, Ле Риголер објасни дека поради сложениот процес на одлучување во Унијата, кој бара едногласност од сите земји членки, такво нешто е невозможно, па затоа вели, наместо невозможни гаранции, потребен е концептот на предвидливост кој веќе го нуди постоечката преговарачка рамка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Преговарачката рамка нуди предвидливост, вели францускиот амбасадор…

Актуелниот геополитички момент е исклучително поволен за…

Во 2024 година 1,2 милиони луѓе стекнале…

Во 2024 година, 1,2 милиони луѓе стекнале…

ЕУ договори слободна трговија со Австралија!

Австралија и Европската Унија во вторникпотпишаа договор…

Милановиќ по средбата со Давкова: Има живот…

Европската Унија е надградба, добредојдена е додека…

„Тројанскиот коњ на Русија“ – ЕУ го…

Европската Унија го ограничува пристапот на Унгарија…