ОЈО Кочани: Пронајдено тело на маж со прострелна рана- приведени 3 странски и еден македонски државјанин
Во близина на Виница е пронајдено тело на машко лице со прострелна рана од огнено оружје, соопштија денеска од Основното јавно обвинителство во Кочани од каде согласно првичните информации, починатото лице било идентификувано како ловочувар кое било дел од група за комерцијален лов.
Од кочанското обвинителство информираат дека се задржани тројца странски државјани и еден македонски државјани – дел од истата ловна група заради испитување дали биле инволвирани во пукањето.
„Во тек се дејствија на обезбедување докази, се вршат претреси и соодветни вештачења на траги. До целосно расчистување на случајот, задржаните лица ќе бидат обезбедени, а истрагата продолжува во насока на утврдување на одговорноста и причините за трагичниот настан“,информираат од кочанското обвинителство.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ОЈО Кочани: Пронајдено тело на маж со…
Во близина на Виница е пронајдено тело…
Ердоган предупреди: Турција воено ќе интервенира ако…
Турција упати сериозно предупредување до Соединетите Американски…
„Не ги сакам Германците“ изјави жената која…
Градски суд на Софија ја остави во…
Протести против Трамп ги зафатија сите 50…
Масовни протести против американскиот претседател Доналд Трамп…
Нов бран случаи на семејно насилство, во…
На 28.03.2026 во 18:00 часот во Скопје,…