Кривична за 80-годишен грчки државјанин за убиството во Виница, запленети ловни пушки и муниција
Министерството за внатрешни работи (МВР) соопшти дека е расветлено вчерашното убиство во Виница каде беше пронајдено тело на машко лице со прострелна рана од огнено оружје. Од МВР велат дека за случајот е поднесена кривична пријава против 80-годишен државјанин на Република Грција.
Случајот бил пријавен вчера, на 28.03.2026 година во 16:11 часот, од страна на Итната медицинска помош. Телото на 56-годишниот Д.А. од виничкото село Липец било пронајдено без знаци на живот во близина на градските гробишта во Виница. По наредба на јавен обвинител, телото веднаш било предадено на обдукција.
Во рамките на истрагата, полициските службеници лишиле од слобода четири лица кои се поврзуваат со настанот – Г.П. (80), И.Л. (24) и С.Р. (55) сите од Грција, како и С.З. (57) од битолското село Жабени.
Полицијата во содејство со Основното јавно обвинителство (ОЈО) Кочани извршиле претреси во возилата со кои се движеле приведените, како и во апартманите каде што престојувале во Виница. Притоа, полицијата пронашла и конфискувала четири ловни пушки, околу 800 парчиња ловечка муниција и друг доказен материјал што ќе биде дел од истражната постапка.
Од МВР велат дека против 80-годишниот Г.П. ќе биде поднесена кривична пријава за убиство по член 123 од Кривичниот законик. За останатите тројца инволвирани во настанот, до ОЈО Кочани ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.
Денеска за случајот информираа од Основното јавно обвинителствоод каде рекоа дека починатото лице е идентификувано како ловочувар кое било дел од група за комерцијален лов.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кривична за 80-годишен грчки државјанин за убиството…
Министерството за внатрешни работи (МВР) соопшти дека…
(Видео) Хемиска фабрика погодена во Израел, прогласен…
АДАМА, производител на активни состојки и производи…
Дизелот поскапува глобално – скок до 81…
Војната со Иран, која започна на 28…
Мемов: Право на секој функционер е да…
ЗНАМ ги демантира наводите дека имало иницијатива…
На некој му е гајле за војната……
Почетокот на велигденските празници во Германија донесе…