Објавено на:

Ветераните на ОВК денес протестираат пред косовското Собрание

t

Организацијата на воени ветерани на ОВК остро реагираше на изложбата за злосторствата од последната војна во Косово, оценувајќи ја како обид за релативизирање на српските злосторства. Заменик-претседателот на ОВЛ-ОВК, Газменд Сиља, нагласи дека таков пристап е неприфатлив и навредлив за жртвите на војната и најави протест во понеделник пред Собранието.

„Не ја прифаќаме релативизацијата на српските злосторства, нема да молчиме пред навредите кон нашите жртви. Затоа организациите што произлегоа од војната на ОВК одлучија да организираат протест пред Собранието во понеделник во 13 часот“, рече Сиља, објави Индекс онлајн. Тој изјави дека протестот ќе се одржи на главниот влез во Собранието и ги покани граѓаните да им се придружат. „Собранието има два или три влеза, знаете, ова е главниот влез каде што се паркирани автомобилите на пратениците и оние што функционираат и дејствуваат во Собранието. По тој повод, ги покануваме сите граѓани кои имаат достоинство, кои ја чувствуваат жртвата и не ја прифаќаат неправдата да ни се придружат во 13:00 часот. Ова не е само наш протест, ова е одбрана на нашата историја. Ве очекуваме во 13:00 часот пред Собранието на Косово. Да го кренеме нашиот глас заедно во одбрана на вредностите на војната и да им оддадеме почит на нашите маченици“, рече Силја.

Демократската партија на Косово и Алијансата за иднината на Косово, исто така, дадоа поддршка за овој протест.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ветераните на ОВК денес протестираат пред косовското…

Организацијата на воени ветерани на ОВК остро…

Косовските безбедносни сили на меѓународна вежба во…

Косовските безбедносни сили (КБС) им се придружија…

Косово оди на нови избори

Претседателката на Косово, Вјоса Османи, денес го…

Косовската амбасада во Абу Даби подготвена за…

Амбасадата на Косово во Абу Даби објави…

Косово ќе испраќа војници во Газа како…

Косовското Министерство за одбрана му потврди на…