„Бабо, мама чучна долу, а тато ја шутираше“, сведочеше мајката на Ивана

t

Мајката на Ивана, Љубица Стојановска сведочеше за тешките односи во бракот на нејзината ќерка со обвинетиот Стојанче Јовановски, опишувајќи долг период исполнет со сомнежи за семејно насилство, страв и психолошки притисок.

Таа раскажа дека уште од почетокот на нивниот заеднички живот, додека живееле под кирија, им помагала финансиски. Во тоа време, Стојанче работел како доставувач на храна, додека Ивана била вработена во „Масимо Дути“. Подоцна, според неа, тој добил работа во пожарната со нејзина помош.

Сведочејќи пред судот, мајката нагласи дека нејзината ќерка постојано живеела во страв дека може да ѝ биде одземена ќерката Катја. Информации за тоа што се случувало во домот најчесто добивала токму од внуката.

„Катја ги користеше зборовите „курво“, „курвиште“, „дрољо“. Затоа што Стојанче ги користел кон Ивана. Ми кажуваше Катја, „бабо, мама чучна долу, а тато ја шутираше“, сведочеше Стојановска.

Како пример за однесувањето на обвинетиот, таа раскажа и за ситуација за време на новогодишните празници, кога подготвила храна за ќерката и внуката. Стојанче потоа ја фрлил храната во контејнер и хистерично викал пред зградата.

Според неа, врската меѓу Ивана и Стојанче започнала брзо и без доволно запознавање, а бракот следел по краток период.

„Бидејќи беа под кирија ќерка ми сакаше да имаат свој стан и секогаш беше со позитивна мисла за сопругот зашто велеше „има зрело размислување, добар е, има малку тешко детство ама ќе биде во ред“. Многу кратко се знаеа, 2-3 месеци пред да стапат во брак. Таа остана бремена и како родители не знаевме ништо. Тогаш таа ми кажа дека има судење за него, за некое дело. Јас како родител, да ви кажам ајде го поминавме тоа. Да ви кажам искрено, помогнавме да се заврши работа да добие условно. Уплатија стан и почетокот беше убав. Многу ретко му се обраќав со име, и до крај го ословував со „сине, синко“, сведочеше мајката.

Кажа дека често ја гледала Ивана со модрици на рацете, нозете, двапати на окото.

„Се сомневав дека Ивана е тепана, ама не ми признаваше. Велеше „мамо ќе биде во ред“. Јас во ниеден момент не го прашав зет ми зошто и како, сметав дека самите ќе си ги решат проблемите“, рече мајката.

Во сведочењето кажа дека Стојанче и Ивана имале проблеми, но никогаш Ивана не го кажувала тоа на своите родители.

„Некогаш ќе ја видев на рацете модра, окото модро, рече паднала од тротинет. Катја имаше 2 години, на 15-16 август 2021 кога ми се јави зетот во 1 ноќе, ми рече „тетка Љубица, дојди да си ја земеш ќерка ти, Ивана курвата“. Некој во 1 часот ноќе така да ти каже… За 10 минути ноќе, пешки стасав до нивниот стан. Беше многу нервозен, шеташе, зборуваше. Го прашав што е работата, Ивана беше многу вознемирена, седеше на каучот, ја гушкаше Катја, а Стојанче беше многу лут нервозен, шеташе. Не можам да го преболам зборот што ми го кажа, рече дека „моја Ивана барала поголем да ја задоволи а тој досега не спиел со друга жена“. Кога дојде полиција, го извадија надвор во ходник да разговараат. Еден од полицајците беше со нас во соба. Ивана беше многу исплашена, пред да дојде полицијата Стојанче ја удри, но јас застанав меѓу нив. Со боксови ја удираше, додека Катја ѝ беше во рацете на Ивана. Ивана беше исплашена и само викаше „се нека земе и стан и се, само ќерката да ми ја остави“. Полицијата им рече „ајде смирете се малку, да биде се во ред“. И си заминаа“, кажа мајката на Ивана.

Мајката кажа дека станот прво гласел на името на Ивана која го отплаќала и кредитот, но потоа на барање на Стојанче го поделиле кредитот и сметките.

„Кога доаѓаше кај нас секогаш беше стегната, под стрес, секогаш беше контролирана на телефон од негова страна и му велеше „еве сум кај моите“, сведочеше Стојановска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Бабо, мама чучна долу, а тато ја…

Мајката на Ивана, Љубица Стојановска сведочеше за…

Јовановски се чувствува виновен дека ја тепал…

Обвинетиот Стојанче Јовановски на денешното прво рочиште…

„Саздов ја наведе Ивана да се самоубие,…

Стојанче Јовановски, обвинет за повеќе дела меѓу…

Започнува судењето за Стојанче Јовановски за смртта…

Денеска во Основниот кривичен суд Скопје со…

Хаос на судењето за „Онкологија 2“: Адвокатка…

Со хаос и парична казна за адвокататката…