Советот на јавни обвинители ја отфрли претставката на Ристоска: Утврдиле дека нема политички притисоци од ВМРО-ДПМНЕ врз неа
Советот на јавни обвинители едногласно ја одби претставката на обвинителката Ленче Ристоска, која се жалеше дека врз нејзината самостојност имало надворешни влијанија и притисоци, особено поради нејзиното постапување во предмети против ВМРО-ДПМНЕ.
Ристоска во претставката навела дека нападите кон неа потекнуваат од политички структури на ВМРО-ДПМНЕ, а како пример навела изјави на премиерот и неколку објави од веб-страницата на партијата.
Членката на Советот на јавни обвинители Маријана Илиевска на денешната седница посочи дека Комисијата утврдила дека изјавите и нападите не се поврзани со конкретни дејства што би ја довеле во прашање самостојноста на обвинителката.
„Отсуство на индивидуализација ја исклучува можноста да се утврди реално и конкретно влијание. Иако овие изјави на премиерот, каде што тој ја нарекува со термините медиокритет со политичка матрица, сметаме дека не претставуваат повреда на интегритетот на јавната обвинителка бидејќи не се поврзани со дејства што би ја довеле во прашање самостојноста на нејзиното одлучување“, рече таа.
Во заклучокот на Советот е наведено дека нема надворешно влијание врз нејзината работа ниту, пак, е загрозен нејзиниот професионален интегритет.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Петмина обвинители во трка за наследник на…
Петмина јавни обвинители досега поднеле кандидатури на…
Кузманоска: Од 1,6% економски раст во време…
Инвестициите скокнаа за 16,5 отсто, градежништвото расте…
ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и СДСМ против дата-центрите, дури…
ВМРО-ДПМНЕ соопшти дека претседателот на СДСМ, Венко…
Орхан Муртезани стапи на функцијата во НАТО,…
Новиот македонски амбасадор во НАТО, поранешниот министер…
СДСМ обвинува: За две години, Владата ја…
Ново политичко препукување меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ…