(Видео) Прв приказ на претседателската библиотека на Трамп: Веднаш доби споредба со Северна Кореја
Фондацијата која го надгледува изградбата на претседателската библиотека на Доналд Трамп ги објави првите рендери (визуелни прикази) на проектот без преседан — висок облакодер во центарот на Мајами, пренесе „Политико“.
Ерик Трамп, синот на претседателот и член на управниот одбор на Фондацијата „Трамп библиотека“, ги сподели плановите за претседателската библиотека во објава на социјалните мрежи во понеделникот. Објавата вклучуваше видео со рендери од зградата, која треба да се изгради на земјиште пренесено од Мајами Дејд колеџ.
„Овој објект покрај водата во Мајами, Флорида ќе стои како траен симбол на еден неверојатен човек, извонреден инвеститор и најдобриот претседател што нашата нација некогаш го имала“, изјави Трамп.
Рендерите прикажуваат облакодер кој ќе се издига над заливот Бискејн, со името Трамп испишано со големи блок букви, во стил сличен на градежните проекти што неговата компанија ги развиваше пред да влезе во политиката.
Зградата ќе се издига и над соседната Кула на слободата (Фридом Тауер), познат симбол во Мајами каде што Кубанците кои бегале од комунистичката револуција биле обработувани за добивање престој во САД.
Моделот сугерира дека библиотеката ќе содржи повеќе дизајнерски елементи што потсетуваат на редизајнот на Белата куќа од страна на Трамп. Една слика прикажува ходник со плочи на поранешни претседатели, слично на „патеката на славните“ што Трамп ја постави во западната колонада на Белата куќа. Друга визуелизација покажува голема балска сала во библиотеката со дизајн многу сличен на плановите за новата балска сала што Трамп ја гради во Белата куќа.
Друга слика покажува дека библиотеката ќе вклучува реплика на Овалната соба, со златни украси, златни завеси и раскошни дизајнерски детали, какви што претпочита претседателот.
Голем атриум прикажан во рендерите содржи повеќе американски воени авиони, вклучувајќи го и луксузниот Боинг 747 што му беше подарен на Трамп од Катар. Кога подарокот беше објавен минатата година, Белата куќа соопшти дека авионот ќе биде дониран на библиотеката на Трамп по завршување на неговиот мандат.
Овие слики се првиот јасен показател за плановите на Трамп за парцелата од 2,63 акри што му беше доделена во договор кој помина речиси незабележано од страна на Мајами Дејд колеџ и гувернерот Рон ДеСантис минатата година. Претходно, земјиштето служело како паркинг за вработените во колеџот.
Фондацијата има цел да собере речиси една милијарда долари преку донации, според даночни документи до кои дошол „Мајами Хералд“. Дел од тие средства доаѓаат од спогодби во тужби покренати против медиумски компании.
На социјалните мрежи пак, се шират коментари во кои естетиката на библиотеката на Трамп се споредува со севернокорејските споменици на владејачката династија Ким Џонг Ум.
„Пронајди ја разликата меѓу рендерите на Трамп за неговата претседателска библиотека и споменикот Мансуде Гранд Монумент во Пјонгјанг“, е само еден од коментарите.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Марко Рубио: Можно е да му возвратиме…
Белата куќа реагираше со отфрлање на одлуката…
(Видео) Прв приказ на претседателската библиотека на…
Фондацијата која го надгледува изградбата на претседателската…
Војната со вештачка интелигенција во Иран го…
Со години, Силиконската долина функционираше како војната…
САД дозволуваат руски танкер со нафта да…
Владата на Соединетите Американски Држави ќе му…
Амбасадата на САД ги повика граѓаните веднаш…
Соединетите Американски Држави ги предупредија своите граѓани…