На 51 година почина поранешниот тренер на РК Вардар, Едуард Кокшаров

t

Тренерот на ракометниот клуб Мешков Брест – Едуард Кокшаров, ненадејно почина на 51-годишна возраст.

„Изразуваме најдлабоко сочувство до неговото семејство и најблиските. Со длабока тага ја известуваме јавноста дека главниот тренер на нашиот ракометен клуб, олимписки шампион, светски шампион и победник на Лигата на шампионите, Едуард Александрович Кокшаров, ненадејно почина на 51 годишна возраст. Ова е непоправлива загуба за целото ракометно семејство и голем шок за светската ракометна заедница“, се вели во соопштението на клубот.

Тој со Целје ја освои Лигата на шампионите на ЕХФ во 2004 година. Помина 12 сезони во екипата, а кариерата ја заврши со Чеховски Медведи.

Шест пати беше избиран во идеалните состави на големите натпреварувања како член на руската репрезентација, со која го освои златниот медал на светското првенство во 1997 година и олимписката титула три години подоцна во Сиднеј.

Кокшаров беше спортски директор на Вардар од 2016 до 2020 во најуспешната ера во историјата на клубот, додека паралелно ја водеше машката репрезентација на Русија како селектор.

Во одредени периоди беше и тренер на женската и машката екипа на Вардар.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ