Хегсет: САД се „справуваат“ со руските и кинеските активности околу Иран
Американскиот министер за одбрана Пит Хегсет истакна дека „точно знаеме што прават Русија и Кина со Иран. Ние се справуваме со тоа.“ Хегсет ова го кажа во одгова на прашање на брифингот во Пентагон за извештаите дека Русија и Кина му даваат разузнавачки информации на Иран за движењето на американските трупи во војната.
Запрашан за попречувањето на сообраќајот низ Ормутскиот теснец од страна на Иран, Хегсет вели дека САД работат на негово целосно повторно отворање, но го повторува тврдењето на американскиот претседател Доналд Трамп дека и другите земји треба да помогнат.
Претседателот на Здружениот генералштаб на американските вооружени сили, генерал Ден Кејн, вели дека илјадниците морски сили што Трамп ги распоредил во регионот можат да се користат за задачи освен за копнена инвазија, среде шпекулации дека таква офанзива се очекува.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Хегсет: САД се „справуваат“ со руските и…
Американскиот министер за одбрана Пит Хегсет истакна…
Трамп до тие што не им помогнаа…
Американскиот претседател Доналд Трамп ги повикува земјите…
Израелскиот амбасадор во САД: Воените цели „веројатно…
Израелскиот амбасадор во Вашингтон, Јехиел Лајтер, во…
САД по четврти пат го продолжија рокот…
Соединетите Американски Држави го продолжија по четврти…
Марко Рубио: Можно е да му возвратиме…
Белата куќа реагираше со отфрлање на одлуката…