Лавров: Светскиот поредок се распаѓа, борбата за моќ станува прашање на живот и смрт
Во тек е целосно разорување на стариот светски поредок и интензивна борба за глобално лидерство, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, пренесе ТАСС.
Шефот на руската дипломатија нагласи дека Москва повикува на итен прекин на американската и израелската агресија врз Иран и дека употребата на воена сила против цивили и цивилна инфраструктура е неприфатлива.
Лавров на состанок на Рускиот совет за меѓународни работи оцени дека новиот светски поредок се воспоставува преку рушење на стариот.
„Се наоѓаме среде преуредување на глобалниот поредок, за кое се надеваме дека ќе доведе до создавање одржлив и праведен мултиполарен свет. Но засега таа трансформација повеќе личи на разорување во секоја смисла на зборот“, рече тој.
„Борбата за водечките позиции во новиот свет е исклучително жестока – тоа е прашање на живот и смрт. Сведочиме на тоа речиси секојдневно“, додаде министерот.
Според него, меѓународното право се крши, а „сè помалку има ограничувачки фактори“ што со децении обезбедувале релативна стабилност. Тој посочи и дека некои држави полагаат право на територии без правна основа.
Говорејќи за односите со западните земји, Лавров рече дека тие не се во добра состојба, но дека Москва е подготвена за дијалог, иако „сигурно нема никого да брка“.
„Клучно е цврсто да ги браниме нашите национални интереси. Вратите за дијалог и можни договори ќе останат отворени, но исклучиво на строго рамноправна и взаемно корисна основа“, порача тој.
Додаде дека Русија сама ќе одлучи „како ќе одговори на какви било идеи“ што би дошле од западните елити.
Според него, земјите од БРИКС и Шангајската организација за соработка стануваат цел на агресивен отпор, како и сите независни центри на моќ и развој.
Лавров повторно повика на „итен прекин на американската и израелската агресија врз Иран“, нагласувајќи дека употребата на сила против цивили и цивилна инфраструктура е неприфатлива „каде и да се случува“.
Тој изјави дека Москва е подготвена да помогне во наоѓање дипломатско решение за конфликтот на Блискиот Исток.
„Подготвени сме да понудиме посредување и други форми на помош за да ја вратиме ситуацијата на политички и дипломатски колосек“, рече Лавров.
Воедно ги обвини САД и Израел дека се обидуваат да ја спречат нормализацијата на односите меѓу Иран и земјите од Персискиот Залив, додавајќи дека обидите на САД да ги користат преговорите како прикритие за агресија се „нечесни“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Лавров: Светскиот поредок се распаѓа, борбата за…
Во тек е целосно разорување на стариот…
Ајдари: Документите денес пристигнуваат само на македонски,…
Пратеничката на ДУИ и Европскиот фронт, Рина…
Ристоска останува без „Талир“: Севески ги повлекува…
Државниот јавен обвинител Ненад Севески најави дека…
Песков: Русија подготвува одговор ако Киев користи…
Русија ќе одговори доколку другите земји ѝ…
(Видео) Хаос во Белград! Продолжува истрагата на…
Членови на Одделот за кривични истраги, по…