Стојанче ги тепал Ивана и Катја секоја вечер кога ќе се врател дома дрогиран, сведочи Саздов

t

Сведокот Мартин Саздов пред судот посочи дека обвинетиот Стојанче Јовановски се дрогирал во негово присуство откако почнале да се дружат, односно од 2021 година, кога почнале да работат заедно во Пожарна, а како што рече, Ивана и Катја страдале во негово присуство, најмногу откако полицијата го фатила Стојанче со дрога.

Според сведочењето, Стојанче почнал да ги обвинува Ивана и Саздов дека го наместиле со дрога, а обвинетиот и се заканувал на Ивана дека ќе објави експлицитни видеа од неа, за да ја посрамоти.

„На Ивана од тоа и беше многу страв. Ми велеше каква слика ќе биде тоа за мене пред Катја, а јас ја смирував дека ќе ѝ бидам поддршка за се“, рече Саздов.

Саздов кажа дека Ивана сакала да си го врати станот кој го отплаќала и го префрлила на име на Стојанче и оти Катја си ја барала собата, а Стојанче на ниеден начин не придонесувал за домашниот буџет, туку економски ја експлоатирал Ивана. Обвинетиот ја натерал да извади 40 илјади денари од својата кредитна картичка и да му ги даде. Катја и во училиште зборувала дека татко и ја тепа нејзината мајка, по што од училиштето ја препратиле Ивана на психолошко советувалиште.

„Ивана ми кажа дека секоја вечер кога Стојанче ќе се врател дома издрогиран ја тепал пред Катја“, рече Саздов.

Сведокот ја убедувал Ивана да си оди, да живее кај нејзината мајка. И нудел и пари за кирија, но Ивана не прифаќала од причина што сакала да го задржи станот. Саздов вели дека Ивана била многу психички падната поради малтретирањето од Стојанче, но и многу исплашена, а почнала да пие и антидепресиви.

„Ивана побара помош за станот, да и се врати од двајца адвокати. Едниот Асмир, другиот не го знам. Сакаше да поднесе тужба за развод и да си го врати станот. Првата тужба за развод била повлечена поради закани и уцени. Ми кажа дека отсекогаш сама се трудела за станот, финансиски, со уредување, ја плаќала ратата за кредитот. Ми рече дека не може да го остави станот зашто тоа и било се за кое се трудела цел живот. Мајката на Ивана ме прашуваше дали знам нешто за Ивана зашто ја гледа со модринки по телото и многу се затворила Ивана. И кажав дека Ивана се тргна од мене и се врати во станот. Ми пишуваше на Вибер тетка Буба, дали знам како е Ивана, а истото ја прашував и јас неа. После некое време, тетка Буба ми пиша дека ја чула Ивана како разговара во соба на телефон со плачење дека зела пари од некаде, дека требала да ги врати парите. Јас и кажав дека не знам ништо и ќе се обидам да разговарам со Ивана и ќе и помогнам да ги врати парите. Ивана ми се јави од кај мајка и да ми каже дека Стојанче не посочува нас двајца дека сме го наместиле со дрога. Ја смирував дека си има институции, ќе се докаже се. Ја прашав каде должи пари, прво не сакаше да ми каже, ја молев да каже каде должи. Почна да плаче и ми призна дека Стојанче ја натерал да извадат 40 илјади денари од нејзината кредитна картичка. Понудив да платам, но не сакаше да земе, рече ќе си платам ќе се снајдам“, кажа Саздов.

Тој посведочи и дека отишол да и купи тетратки на Катја и се што треба кога тргнала во училиште оти Стојанче не купувал ништо што треба, туку ја оставал Ивана да се снаоѓа самата.

„Стојанче никако не придонесуваше кон Ивана и Катја. Ивана ми кажуваше дека се мачела сама, сама плаќала сметки за станот и кредит, дека кога Катја почнала да оди на училиште, сама купувале се за Катја, се мачела. Мене ми беше многу жал, отидов да ѝ купам на Катја тетратки и се што треба за прво одделение. Катја беше многу среќна. Ивана ми кажуваше дека Стојанче ја надгледува, а кога одела дома во тој стан, одела со страв само за да се пресоблече и да ја земе Катја“, рече сведокот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Стојанче ги тепал Ивана и Катја секоја…

Сведокот Мартин Саздов пред судот посочи дека…

Стојанче ми рече дека Катја му е…

Сведокот во предметот и поранешен пријател на…

Обвинителите вчера добиле допис од МВР за…

Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал…

Стојанче ги натепал па ги оставил Ивана…

Мајката на Ивана, Љубица Стојановска денеска во…

„Бабо, мама чучна долу, а тато ја…

Мајката на Ивана, Љубица Стојановска сведочеше за…