Започна поставувањето на „Сејф Сити“ во Росоман
На територијата на Општина Росоман започна поставувањето на безбедносни камери со цел зголемување на јавната безбедност и подобрување на контрола во сообраќајот.
Проектот го реализира Министерството за внатрешни работи, а со неговата имплементација се очекува поголема сигурност во јавниот простор и ефикасно следење на сообраќајот.
Од локалните власти истакнуваат дека поставувањето на камерите е дел од пошироките напори за создавање побезбедна и поуредена општина, со фокус на заштита на граѓаните и превенција на инциденти.
Со оваа иницијатива, жителите на Росоман ќе имаат можност да се чувствуваат посигурни при движење низ јавните површини, а институциите ќе можат побрзо и поефикасно да реагираат при евентуални прекршоци или инциденти.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Започна поставувањето на „Сејф Сити“ во Росоман
На територијата на Општина Росоман започна поставувањето…
Самиот пријавил дека ја убил својата мајка:…
Убиецот од Росоман утрово самиот пријавил во…
Убиство во Росоман: Син си ја заклал…
Крвава семејна трагедија го потресе Росоман откако…
Левица поднесе кривична пријава за градоначалникот на…
Левица поднесе кривична пријава до Основното јавно…
(Фото) Поплавите оштетија пат во село Дебриште
Регионалниот ЦУК Велес, известува од Раководителот на…